При превземање на пратката Ве молиме проверете ја во присуство на курирот што ја врши доставата. Доколку на неа има видливи оштетувања (скинати делови и нагмечувања) пакетот не би требало да го превземате. Во таков случај Ве молиме да не контактирате на 02 3055 222 или да ни ги испратите вашите податоци (име, презиме и телефонски број) на следнава e-mail адреса online@buzzsneakers.mk и да ја наведете причината поради која не сте го превземале пакетот. Во најкраток можен рок ќе Ве контактираме и известиме за понатамошната постапка.

Доколку ја превземавте пратката и по отворањето на кутијата воочивте дека испорачаната роба не одговара со онаа која сте ја нарачале или податоците на фискалната сметка не се во ред, Ве молиме да не известите најдоцна во рок од 24 часа од моментот на прием на пратката, со јавување на телефонскиот број 02 3055 222, или со испраќање на вашите податоци (име, презиме и телефонски број) на online@buzzsneakers.mk со краток опис каков проблем имате. Во најкраток можен рок ќе Ве контактираме и известиме за понатамошната постапка.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во однос на одредбите од Законот за заштита на потрошувачите, Ве молиме да постапите согласно начинот дефиниран во правилникот за рекламација од страна на потрошувачот за робата купена преку нашата интернет продавница, која заедно со образец за рекламација, треба да ни го испратите на online@buzzsneakers.mk.