Заштита на личните податоци
Со цел да се процесира вашата нарачка потребни ни се Вашите име, адреса, e-mail и телефон. Преку доставените податоци, ние ќе бидеме во можност да направиме испорака на нарачаните производи, како и да Ве известиме за статусот на пратката. Од наша страна ветуваме дека приватноста на сите наши клиенти/купувачи ќе биде зачувана и заштитена. Потребни ни се само основните информации за нашите клиенти/купувачи заради информирање во согласност со добрите деловни обичаи и со цел да се обезбедат поквалитетни услуги. Нашите корисници имаат избор вклучувајки ја и одлуката за тоа дали сакаат да бидат избришани од mailing- листите. Сите информации за клиенти/корисници се строго доверливи и достапни само за вработените на кои им се потребни за извршување на работата. Сите вработени во buzzsneakers.mk се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Ние се обврзуваме дека собраните податоци не ги користиме во било која друга цел, ниту ги споделуваме со трети лица.
Според наведеното, собираме, анализираме и ги обработуваме податоците за производите кои нашите корисници ги бараат и ги купуваат, како и страницата која ја посетуваат. Тие податоци и информации ги користиме со цел да ја подобриме нашата понуда и изгледот на нашиот сајт, за да можете полесно да го користите, за поквалитетно и побезбедно шопинг искуство.
COOKIES
Buzzsneakers.mk користи ,,колачиња,, со цел користењето на страницата да се прилагоди на Вашите потреби. “Колаче” (cookies) е текстуален фајл кој е сместен на хард-дискот на Вашиот компјутер од страна на веб серверот и не може да се користи за да стартува програм или да пренесе одреден вирус на компјутерот. Колачето е наменето за Вас како корисници и единствено може да биде прочитано од страна на веб серверот во домен кој Ви го испратил. Основна цел на “cookies” е да обезбедат бенефиции кои ке ви заштедат време.
Согласност и промена на условите
Користење на нашите услуги подразбира согласност од корисникот со гореспоменатите услови за користење. Buzzsneakers.mk се обврзува дека ќе се придржува на сѐ што е погоре наведено, а сите промени на условите ќе станат валидни само по објавувањето на ова страница и испраќање e-mail известување до сите регистрирани корисници.
Настојуваме да бидеме што попрецизни во описот на производите, прикажување на слики и цени, но не можеме да гарантираме дека сите информации се комплетни и без грешка. Сите производи на веб страната се дел од нашата понуда и не се подразбира дека се достапни во секој момент. Достапноста на производите можете да ја проверите на телефон 02 3055 222
string(0) ""
string(0) ""
Задолжителните колачиња ја прават страницата употреблива, односно овозможуваат основни функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Buzz sneakers користи колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на нашата веб-страница за да овозможат одредени технички функции и за да обезбедат позитивно корисничко искуство.
Овие колачиња обично имаат датум на истек далеку во иднината и ќе останат во вашиот прелистувач додека не истечат, или додека не ги избришете рачно. Ние користиме постојани колачиња за функционалност, како што се "Останете најавени" tickbox, што го олеснува пристапот на корисникот како регистриран корисник. Исто така, користиме трајни колачиња за подобро разбирање на навиките на корисникот, за да можеме да ја подобриме веб-страницата според вашите навики. Оваа информација е анонимна – не ги гледаме поединечните кориснички податоци. Колачето што се користи е site_cookie_info и се чува една година.
Статистичките колачиња со анонимно собирање и испраќање на податоци им помагаат на сопствениците на сајтовите да разберат како посетителите комуницираат со страната. Ова се колачиња кои овозможуваат Buzz sneakers да прави веб анализи, т.е. анализа на користењето на нашата страна и мерење на посетеноста, која Buzz sneakers ја применува за подобрување на квалитетот и содржината на понудените услуги.
Маркетинг колачињата се користат за следење на посетителите преку веб страниците. Тие се користат за прикажување на соодветни реклами за корисниците и нивно поттикнување да учествуваат, што е важно за издавачите и за рекламирањето на трети лица. Buzz sneakers користи Google Analytics колачиња ads/ga-audiences и collect, и Facebook колачиња.