Магазин

08.
Nov
2017
Blogger Pick
Дали некогаш сте размислувале што нашите патики би кажале за нас? Вистината е дека нашите патики се со нас од утро до мрак, знаат каде се шетаме, каде излегуваме, со кој се дружиме, во кој сме заљубени, а кој сакаме да го заобиколиме на улица. Исто така знаат кога се будиме и кога одиме на спиење. Ако мислевте дека патиките не зборуваат, се лажете, тие кажуваат кои сме, што сакаме и кој е нашиот „филм„. Моето ново другарче LF1 Duckboot е толку кул што денеска целата приказна му ја препуштам на него.
01.
Nov
2017
Blogger Pick
Првиот блог кој го направив за Buzz, а кој беше поврзан со патики, беше посветен на Adidas Gazelle. Се разбира, со причинa. Покрај сите функции за кои сум програмиран, пред се за танцување, па потоа за кореограф, блогер, „бициклиста“, авантурист, понекогаш како кошаркар, тврд егоист и што уште не. Како специфичен танцувач, b-boying од секогаш ми било најлесно, во комбинација со удобна, лесна и фанки облека, а совршениот склоп го открив на време, пред деценија ипол, кога почнав со првите чекори во брејкот. Татко ми секогаш имаше критики кон моите обувки во времето кога сечев сунџери за перење на коли и ги ставав под јазикот на патиката, за да ги „набилдам“ своите „раперски“ патики. Мислам дека посебно не му се допадна деталот со портокалови врвки, но доста е со моите мрачни тајни од минатото.
25.
Oct
2017
Blogger Pick
Не многу одамна додека „скролав“ низ Instagram видов изрека „ Тоа е грдо, додека Ријана не одлучи дека не е“. На почетокот, тоа ми беше премногу смешно, но потоа сфатив дека е толку вистинито! Само кога ќе размислам за сите оние работи кои таа ги носеше прво... и ние бевме најпрво шокирани, но потоа, по неколку месеци, сите почнавме да ги носиме истите тие работи бидејќи одеднаш се чинеа толку нормално. Дали се сеќавате на сите работи кои што први ги носеше? Пижами за една ноќ надвор, хулахопки, „cupcake“ фустан... листата ќе биде бесконечна. И затоа не бев воопшто изненадена што Puma ја избра Рири за да направи сопствената колекција – Fenty!
18.
Oct
2017
Blogger Pick
Имам голема енергија, бидејќи во последниве неколку месеци имав настапи непрекинато во целата земја, покажувајќи ја мојата музика, добивајќи еден по едeн фан на мојот пат. Не сакам да се фалам, само сакам да ве известам за мојата надградба. Знаете кој друг доби надградба? NIKE AIR MAX 90 sneakerboot ја враќа оваа есенска сезона со супер кул бои. 
27.
Sep
2017
Blogger Pick
Пристигна уште една есен, Загреб, нова сезона, спортски сали, тренинзи, приватни, групни, снага, кондиција... Како што би рекол 2 Pac: „Some things will never change.“  Но, кога се работи за патики, овој пат не е така. Возбуден сум за ново – старите Suedе.
20.
Sep
2017
Blogger Pick
Nike Air Huarache ја лансираа есенската колекција со екстра впечатливи комбинации на бои, како што се маслинесто зелената и бургунди црвената. Да, се работи за машки модели дизјанирани да владеат со целосно црните и сиви комбинации на облека актуелни оваа есен во урбаните кругови. Погледнете ги овие прекрасни модели, додека се потсетуваме како и зошто Nike Air Huarache патиките станаа толку познати. 
13.
Sep
2017
Blogger Pick
Здраво дечки... Сите знаете јас сум еден од оние залудени по патиките, па можете да ја замислите мојата реакција кога дознавам дека најновите модели на Puma пристигнуваат во Buzz. Од тогаш, постојано си замислував кој модел најдобро ќе ми стои. И се разбира, опседната сум со новите Puma Fierce Rope VR.
09.
Sep
2017
Arrivals
Инспирирана од смелиот стил на деведесеттите кој обилуваше со дизајнерски елементи и индивидуалност, на пазарот пристигна нова„Club C Overbranded“ колекција чие заштито лице е мултиталентираниот американски уметник, музичар, глумец, модел и продуцент, Machine Gun Kelly - MGK.
30.
Aug
2017
Blogger Pick
Hey! Дали се сеќавате на мене? „Fashion baby“ се враќа на голема врата за да ви ги претстави новите Adidas Originals патики. Моделот за кој зборуваме е EQT, кој е инспириран од легендарните модели на патики од 90-тите, кога сме биле мали бебиња, и со почетокот на оваа година овој модел го имаше својот голем  „comeback“ кога премиерно беше прикажан во февруари. Се сеќавам на забавите кои беа направени по повод лансирањето на овој модел, кога се враќав од  London Fashion Week, и од авионот отидов до дома на половина час и веднаш отидов на EQT забавата.
23.
Aug
2017
Blogger Pick
Своите први чекори сум ги направила со Reebok патиките, после 22 години го правам истото. Сега тоа не се оние неспретни чекори, сега тоа се чекори на растење, нов пат, нов живот.
16.
Aug
2017
Blogger Pick
Како sneakerhead, еден од моите ритуали за патики е да ги тестирам и да видам дали се вклопуваат во мојата дневна рутина. Тоа е како автомобилите – ги гледаш, ги возиш и ги сакаш или не. Кога ги тестирав, новите Puma Ignite Limitless во „Olive green“ боја, уличната игра буквално се промени. Сега можам да кажам дека моделот токму во оваа боја е апсолутен тренд убиец. 
09.
Aug
2017
Blogger Pick
Nike Air Force 1 донесе толку бои колку што еден sneakerhead може само да замисли - од Bright Citron до Bright Turquoise, од елегантни All Black до суптилни Nude варијанта. Денес, Nike „кулира“ во Dark Grey боја… A jaс? Јас исто така „кулирам“ и ги „фурам“ моите нови Nike во Shades of Dark Grey.
02.
Aug
2017
Blogger Pick
Време е да се топиме. Време е да се покриеме со мраз. Време е за сериозно летни патики. Време е за Jordan Eclipse.
26.
Jul
2017
Blogger Pick
Пред мојата одлука да го посетам овој фестивал, јас бев еден од оние луѓе кои не посетуваат ваков вид на забава. Едноставно не беше во мој стил. Многу искуства слушав од овој фестивал, па токму поради тоа создадов слика за него. Меѓутоа, сите тие паѓаат во вода кога сами ќе го доживеете овој фестивал. Името на овогодинешниот Exit фестивал беше „Лето на љубовта“. Зар не е слатко? Го знаете она чувство за пред пат:  „понесете го ова, ова мора да го облечете, ми кажавте дека ова се носи, внимавајте на своите работи” ... Сето тоа да го заборавите. Она што можам да ви кажам е дека најважни се удобните кошули со кои можете да ги посетувате сите концерти како и обувките со кои треба да танцувате на подиумот. Јас избрав EQT Support Refined.  патики за мојата авантура.
19.
Jul
2017
Blogger Pick
Имам некоја чудна потреба се што правам да биде во совршена рамнотежа. 
12.
Jul
2017
Blogger Pick
https://www.buzzsneakers.com/MAK_mk/patiki/3707-superstar-wВраќањето на класичните модели е секогаш во тренд. Лично, зависник од моделите на New Balance и Nike кога станува збор за мојот активен животен стил, но кој може да остане рамнодушен кон новите Adidas Superstar Rose Gold. Таква фина и елегантна верзија на нашата позната Superstar. Еден од начините, на кој се изразувам, е мојот изглед. Сакам да креирам контрастни белешки во мојата визија - почнувајќи од официјалниот коктел фустан комбиниран со патики па се до костим со „stiletto“. Особено, новиот Superstar Rose Gold ми дава чувство на официјален изглед дури и со спортска облека.
28.
Jun
2017
Blogger Pick
„Трчав три години, два месеца, 14 денови и 16 часови. Прилично сум уморен, мислам дека сега ќе си одам дома”. Ја запамтив оваа речениница уште од оние несреќни деведесетите години, кога за прв пат го погледнав генијалниот Tom Henks во Forest Gamp. Идејата да едноставно трчaш затоа што ти се трчи, без одредена причина и цел одсекогаш ми била сјајна! Човеку, се будиш утрото и... го правиш само она што го сакаш. 
21.
Jun
2017
Blogger Pick
Ќе пробам на најлесен начин да ви кажам се што можам за TUBULAR, како новост во светот на патиките, а паралелно ќе ги навестам малите разлики измеѓу него и TUBULAR NOVA PK. Кога се појавија, многумина си помислија дека е уште една од Kanye West x ADIDAS колаборацијата, но TUBULAR е само показател во кој се правец може да оди техниката и начините на изработка на обувките. Tubular е инспириран од RUNNING линијата од деведесетите години.
14.
Jun
2017
Blogger Pick
Здраво луѓе. Помина многу време од мојата последна сторија, но тука сум пак.
07.
Jun
2017
Blogger Pick
Лично, јас сум тип на девојка за Air Jordan и Air Force патики. Но како можам да ги пропуштам обувките кои се потпишани лично од Rihanna. Ја имате единствената прилика да видете како сум „fancy“ во новите обувки со нежна свилена машна. Која btw, е дел од обувката. Девојки, ви ги претставувам Rihanna X Puma Fenty Bow папучите! 
string(0) ""
string(0) ""