на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

ЕВЕ УШТЕ ЕДНА ПРИЛИКА ДА ГО КУПИШ ХИТ МОДЕЛОТ!
ЕВЕ УШТЕ ЕДНА ПРИЛИКА ДА ГО КУПИШ ХИТ МОДЕЛОТ!
News
17.06.2022.

ЕВЕ УШТЕ ЕДНА ПРИЛИКА ДА ГО КУПИШ ХИТ МОДЕЛОТ!

Сè уште се забавуваме! Време е за уште еден BUZZ ONLINE RAFFLE. Сега е добра прилика да го купиш Air Jordan 1 Mid Mystic Navy Mint Foam!

Nike Air Jordan 1 се машки патики за кошарка со полудлабок профил за чиј дизајн, инспирацијата е пронајдена во легендарните модели од 80-те години. Комбинацијата од вистинска кожа со премиум квалитет и синтетичките материјали во горниот дел ја зголемува издржливоса и дава врвен изглед. Воздушниот ѓон ти нуди бескомпромисна удобност и леснотија при секој чекор.

Поради тоа, во сабота, на 18. Јуни не го пропуштај најновиот BUZZ Online Raffle.

Nike-Air-Jordan-1-Mid-Mystic-Navy-Mint-Foam-visual

Што е потребно да направиш за да учествуваш во BUZZ Online Raffle?

Пријавите за Raffle почнуваат во петок, 18. јуни во 9h и ќе траат до вторник, 21. јуни до 21h. Со клик на банерот кој ќе биде поставен на нашиот сајт, ќе биде отворен формулар во кој треба да ги оставиш твоите податоци.

Една личност може да се пријави за Raffle само еднаш, од еден компјутер или IP адреса. За време на внесувањето на податоците, потребно е да ја наведеш големината која би сакал/а да ја купиш, но и да и истакнеш дали би сакал/а патиките да бидат испорачани на посакувана адреса или ќе ги превземеш во нашата продавница во Skopje East Gate.

Nike Air Jordan 1 ќе бидат достапни во големини од 41 до 47,5 по цена од 8990 денари. Веднаш по пополнување на пријавата на твојата e-mail адреса ќе пристигне известување со потврда за успешна пријава, додека оние што ќе бидат избрани за купување на овој ексклузивен Nike Air Jordan 1 модел, ќе бидат известени во среда, 22. јуни.

Доколку си извлечен/а, и си избрал/а превземање во продавницата во Skopje East Gate, ќе имаш 48h да ги купиш Nike Air Jordan 1 во твојата посакувана големина.

Те чекаме на новиот Buzz Online Raffle. Среќно!

 

Тимот на Buzz

слично