на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

ALWAYS BEEN, ALWAYS ORIGINAL − пристигна adidas Always Original колекцијата
ALWAYS BEEN, ALWAYS ORIGINAL − пристигна adidas Always Original колекцијата
News
16.03.2022.

ALWAYS BEEN, ALWAYS ORIGINAL − пристигна adidas Always Original колекцијата

Дали сте подготвени да покажете колку можете повеќе, преку формата на она што навистина сте?

Колекцијата adidas Always Original е инспирирана од жени кои се креативно инспирирани, храбри и незапирливи - оние кои храбро чекорат кон своите цели и ги живеат своите соништа во потполност, подготвени да ја покажат својата суштинска природа во секое време. Од смели и модерни кроеви, преку впечатливи и светли бои, до суптилно нагласени детали, моделите од колекцијата Always Original се издвојуваат со смел и автентичен стил. Како и жените кои зрачат со својата оригиналност, така и овие модели нагласуваат колку е важна уникатноста.

Колекцијата ја слави еволуцијата на жените ширум светот кои секојдневно прават напори да ја покажат својата оригиналност преку разликите што ги дефинираат. Тоа се луѓе кои отсекогаш биле свесни за своите потенцијали и за огромната моќ што ја поседуваат. Охрабрени од ова вродено разбирање, adidas Originals ја започнува иницијативата Always Original инспирирана од незапирливите, сеприсутни и уникатни изрази на оригиналност изговорени преку гласовите на маргинализираните групи.

Кажете ни што е оригиналност според вас? Се стремите кон уникатен израз, храброст да покажете кој навистина сте или нешто трето? За брендот со три пруги, тие се талентирани и неконвенционални жени кои ги поместуваат границите - динамични креатори на промени кои не се плашат да ја покажат својата автентична и вистинска природа. Запознајте ги учесниците на иницијативата adidas Always Original, кои за да ги мотивираат другите, ги споделија своите приказни во форма на инспиративно видео за кампањата. Активисти, дизајнери, писатели, илустратори, едукатори, модели - тие се сè што сакаат да бидат и не се плашат да покажат што навистина сѐ.

Време е да го надминете вообичаеното и да ја изразите својата оригиналност преку она што ве инспирира и движи. И запомнете - можете да направите сè, дури и кога мислите дека тоа е невозможно.

 

Тимот на Buzz

слично