БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2490 ДЕН.

ЈАВЕТЕ СЕ НА 02 3055 222

работни денови од 8 до 17 часот и во сабота од 9 до 17 часот

UNBOXING: Reebok x Buzz Sneaker Station Classic Leather
UNBOXING: Reebok x Buzz Sneaker Station Classic Leather
News
27.08.2021.

UNBOXING: Reebok x Buzz Sneaker Station Classic Leather

Ви претставуваме дизајн креиран во првата официјална соработка помеѓу Buzz Sneaker Station и брендот Reebok - иконата Classic Leather која остави уникатен белег во историјата на sneaker културата во регионот. Тоа е модел кој како резултат на првата регионална соработка може да се носи во сите сезони, прилики и комбинации.

Патиките Reebok Classic Leather првпат се појавија во 1983 година. Иако првично беа дизајнирани за трчање, тие наскоро по лансирањето станаа првите патики на Reebok што ја надминаа нивната првобитна цел со тоа што се префрлија на casual lifestyle обувки за секој ден.

Ова лето, во соработка со брендот Reebok, добивме можност да го збогатиме овој конкретен модел со карактеристични Buzz елементи и со тоа да влеземе во арената каде се натпреваруваат најголемите светски sneaker концепти.

Она што прво им паѓа во очи на познавачите на патики е тоа што Buzz x Reebok Classic Leather моделот е направен од комбинација на мазна и текстурирана кожа, во комбинација со мрежести делови на горниот дел. Кожата е навистина неверојатна на допир, додека мрежестите детали придонесуваат за удобност и одличен проток на воздух на стапалата.

Новиот, елегантен модел на овие култни патики ја носи карактеристичната BUZZ илустрација на транспарентниот ѓон, во форма на BUZZopolis – фиктивниот град, чии жители носат само патики. BUZZopolis исто така е highlight на кампањата, чиј слоган е This Is The Story of Our SOLE, во која патиките раскажуваат незаборавни приказни што ја сочинуваат душата на градот.

Уникатната илустрација на ѓонот на патиката Classic Leather го симболизира автентичниот белег што секој од нас го остава позади себе. Исто така, ни носи бројни пораки што понекогаш ги забораваме во денешниот бурен свет, така што оваа кампања потсетува дека првиот чекор е секогаш најтежок, дека е во ред понекогаш да застанеме и дека сѐ е полесно ако чекориме заедно. Само ако имаме храброст да одиме по непознати патеки, нашите отпечатоци ќе раскажат незаборавни приказни, кои заедно ја создаваат душата на градовите во кои живееме и создаваме.

Направен со уникатни елементи, логото на Reebok на јазикот и мотивот SNKR State of Mind на ѓонот и на горниот дел од патиката, го прави овој модел е идеален за млади, урбани и модерни луѓе, кои сакаат да остават посебен белег на градските улици.

Sneaker State Of Mind објаснува сѐ со само неколку зборови – начинот како и што мисли секој љубител на патики. Едноставноста, врвните материјали и деталите прават значајна разлика! Токму тие ја сочинуваат суштината на овој модел, кој ќе ги одвои „обичните“ луѓето што купуваат патики од оние кои се стремат да бидат различни.

Друг интересен детал се црвените краеви на врвките, бидејќи даваат уште една нота на автентичност во споредба со стандардните Reebok Classic патики.

Во согласност со сѐ погоре, беше креирана кампањата „Story of our sole“, инспирирана од трагите што секој ги остава зад себе, но и од индивидуалните приказни и избори што ја создаваат душата и енергијата на градот. Оваа оригинална кампања беше поддржана од многу познати, урбани млади луѓе од целиот регион. Покрај тоа што тие ја пренесоа идејата за кампањата, предизвикаа и чувство на заедница, што е во срцето на оваа долгоочекувана локална соработка на Reebok и BUZZ.

Новиот унисекс модел Reebok Classic Leather доаѓа во црна боја и премиум комбинација од кожа, велур и мрежест материјал, а low-cut дизајнот овозможува слобода на движење.

Овој модел можете да го најдете во сите наши продавници или да го нарачате online.

 

Тимот на Buzz

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

20.
Aug.
2021.
News
Време е за нов почеток, нов, повторно различен...
15.
Jun.
2021.
News
Новата колекција Buzz маички пристигна во нашите продавници. Ви ги откриваме тренди моделите кои ќе ја обележат оваа сезона.
15.
Apr.
2021.
News
It’s Buzz 6th Birthday! И оваа година го прославуваме online и те повикуваме да бидеш дел од нашата роденденска активација.
15.
Apr.
2021.
News
Секој роденден е совршен повод да ги сумираме впечатоците, но сепак не се откажуваме од Keep on Buzzin. Ова е приказна е за нас.
14.
Apr.
2021.
News
adidas ја продолжува својата еколошка мисија со новата колекција на Stan Smith патики, на чиј препознатлив дизајн сега му е даден поодржлив изглед.
26.
Mar.
2021.
News
Да го прославиме Денот на Air Max заедно! Сè што ви треба е 1 пар Air Max патики и 3 outfit-а што најдобро ќе ни ја раскажат вашата приказна. Бидете к...
26.
Mar.
2021.
News
Nike Air Max се единствените патики во светот кои имаат свој празник. Денес е тој ден и затоа официјално може да започне одбележувањето на Air Max Day!
24.
Mar.
2021.
News
Новите патики New Balance 237 ве привлекуваат со вашиот street style да се вратите во седумдесеттите години. Погледнете зошто тие се едни од водечките трендо...
04.
Mar.
2021.
News
Чувството на Adidas ZX е сè. Нека те земе! Учествувајте во наградната активација на Instagram и освојте нови ZX патики по ваш избор.
20.
Jan.
2021.
News
Брендовите кои ги сакате, силуетите за кои сонувате долго време, моделите кои ги носат најголемите светски трендсетери – Buzz Sneaker Station е вистинс...