БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2490 ДЕН.

ЈАВЕТЕ СЕ НА 02 3055 222

работни денови од 8 до 17 часот и во сабота од 9 до 17 часот

News
15.04.2021.

CELEBRATE BUZZ 6th BIRTHDAY & SHOW US YOUR PERFECT STYLE

BUZZ овој април го слави 6. роденден! И бидејќи тој не може да помине без вистинска прослава, ние ќе ја организираме online поради моменталната состојба, а ве покануваме да учествувате во нашата роденденската активација, бидејќи можете да освоите одлични подароци.

Родендените се секогаш повод да ги извадите најатрактивните парчиња облека од гардеробата и да ги комбинирате на начин што не е виден досега. Оваа година, нашиот роденден се врти околу бројот 6 - математичарите би рекле совршен број, што нè инспирираше да направиме совршени аутфити - со нашите омилени патики, дуксери, фармерки, фустани, додатоци и други statement парчиња.

За разлика од минатата година, оваа година во ова ни помага една од најпрепознатливите trendy девојки на овие простори – Vanja Pantin, која заедно со нас ќе го избере победникот на оваа роденденска активација и специјално за него/неа ќе го создаде совршениот стајлинг.

Покажете ни ја совршената комбинација и учествувајте во нашата Show Us Your Perfect Style активација.

Правилник за учесниците во ’Show Us Your Perfect Style’ активацијата

За да учествувате во активацијата за роденденот на Buzz, потребно е од 15.4. до 20.4.2021 година да објавите фотографија или видео на вашиот отворен Instagram профил до 15 секунди во кое ќе ни ја покажете вашата совршена облека. Патиките се неопходни, а можете да ги комбинирате како што сакате. Фотографијата или видеото објавете ги на Instagram story со таг @buzzsneakerstation и #buzz6thbday.

Во активацијата може да учествуваат сите кои го следат Instagram профилот @buzzsneakerstation и имаат Public профил за да можеме да го видиме Instagram story.

Со учество во оваа активација, ни давате дозвола да ја објавиме вашата Instagram story на нашиот Instagram профил.

Авторот на најкреативниот аутфит ќе го избере познатата стилистка Vanja Pantin, а победникот на активацијата ќе освои комплетен Buzz аутфит одбран од стилистката Vanja Pantin.

Победникот на роденденската Buzz активација ќе биде објавен на нашиот Instagram story на 21 април 2021.

Stay perfect and celebrate Buzz 6th birthday!

Тимот на Buzz

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

21.
Jul.
2021.
Blogger Pick
23.
Jun.
2021.
Blogger Pick
Здраво, екипо!   Многу ми е мило што повторно се дружам со вас во порелаксирано, летно расположение. Овој пат, како за одличен почеток на летото, ги н...
16.
Jun.
2021.
Blogger Pick
15.
Jun.
2021.
News
Новата колекција Buzz маички пристигна во нашите продавници. Ви ги откриваме тренди моделите кои ќе ја обележат оваа сезона.
09.
Jun.
2021.
Blogger Pick
Знам дека сите ќе се сложите дека јуни порано беше топол летен месец, а сега сезоната почна со студени денови, но сепак, ништо не ме спречи и излегов да ги т...
09.
Jun.
2021.
Shop By Look
09.
Jun.
2021.
Shop By Look