01/06 2020.
News

NIKE AIR MAX 2090 ARE THE SHOES OF THE FUTURE

Веќе сме навикнати на тоа дизајнерите на Nike, да ни презентираат новини од сезона во сезона, кои на сите можни начини ги туркаат стандардите и границите на патиките во светот. Така беше и оваа година, во пресрет на Air Max Day, кога патиките кои веќе ја одбележаа 2020 година и ја видоа светлината на денот, беа презентирани и кај нас.

Станува збор за Nike Air Max 2090, патика која преку дизајнот ја илустрира иднината на целиот свет на патики и ја содржи истата ДНК силуета што направи вистинска револуција пред 30 години.

Удобната и едноставна конструкција на Аir Max патиките, на моделот AM2090 е надополнета со футуристички детали креирани на основа на повеќе годишни истражувања на овој револуционерен модел.

За да се истакне важноста на структурата на новата патика, дизајнерите ја користеле црната боја за материјалите кои допринесуваат за нејзината стабилност и иновативност, додека потпорните и полесни делови се повпечатливи благодарејќи и на белата боја. Користејќи бои кои се користат за дизајн на електрични автомобили, Air Max 2090, според замислата на дизајнерите на Nike е приказот на самите автомобили.

И овој модел секако не може да помине без карактеристичниот Air Max логотип, додека при дизајнирањето вниманието е на секоја компонента од патиката. Така овие Air Max 2090 содржат нешто поголема Air единица и дури до 200 проценти поголем „прозор“ во однос на првобитниот модел, претставен пред 30 години.

Уште еден ново-стар детал е скратениот Swoosh, унапреден во однос на провобитните Air Max 90 патики.

Не пропуштајте ја можноста овој модел да стане дел од вашата колекција за кој сигурно ќе се зборува многу повеќе во иднина. Моделот можете да го најдете во нашата продавница или да го нарачате online.

Buzz тимот

 

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

03.
Jul.
2020.
News
Почетокот на летото и оваа година е во знакот на SUMMER SALE во нашиот shop. Одличната понуда на светски познатите брендови и намалените цени се само некои о...
16.
Jun.
2020.
News
Dance манијата продолжува! Научи нови чекори за танцување со нашите туторијали.
18.
May.
2020.
News
Веќе една недела сите зборуваат за документарецот „The Last Dance“, кој претставува права кошаркарска лектира за идните генерации.
string(0) ""
string(0) ""