на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

News
24.04.2020.

CAN’T STOP THE FEELING, ’CAUSE IT’S BUZZ’ 5th BIRTHDAY

Пет одлични години се зад нас! Постигнавме многу, но овде не запираме, продолжуваме да ги поместуваме границите на sneaker култура во регионот. Бидете и вие дел од нашата роденденска забава!

Се започна со еден мал BUZZ! Звучи како почеток на секоја одлична приказна, така? Вака започна нашата, пред 5 години во Белград, кога беше отворена првата и најголема sneaker station во Србија, која како што поминаа годините, полека, но сигурно го потврди своето место во самиот врв на sneaker културата во регионот.

Со уникатно име и извонредната понуда на најновите и најбараните модели на познати глобални брендови, поставуваме нови стандарди со различните активности, интересни препораки, привлечни кампањи и соработки со најголемите инфлуенсери од целиот регион. Дури и денес, тие со нетрпение ги чекаат новитетите во нашата понуда, за да бидат помеѓу првите кои ќе ги воведат.

А како изгледаше се на почетокот? Приказните за најпознатите и најбараните модели на патики зборуваа првите членови на BUZZ CREEW, помеѓу кои може да ги издвоиме DJ Гоце, кој е најдобриот македонски хип хоп DJ, член на легендарниот САФ, еден од најголемите фанатици за патики во Македонија со чија соработка го направивме и BUZZ MIX TAPE VOL.1.

Помеѓу првите наши BUZZ CREW членови, покрај останатите sneaker љубители од целиот регион се вбројуваат и Блажо, Кире, Ангела, Сара… со текот на времето таа листа на sneaker љубители се зголемуваше, за денес за вас да пишуваат Антонија Локвенец какo и регионалните љубители на патики Ivana Džamić Dživ, Marina Ćosić, Vojislav Panjković, Franjo Opačak, Akasha Musika, Iva aka Unicorn Domination, Andreea Din и многу други.

Од година во година, станавме главни двигатели и организатори на бројни настани што го формираат 'рбетот на sneaker културата. Меѓу нив е и фестивал што се одржа минатата година во Белград, кој го носи суфиксот Powered by BUZZ!

Тоа е Sneakerville - најголемиот регионален фестивал на патики, кој привлече повеќе од 20.000 луѓе за првата година. Центарот на градот тој ден беше преместен во пристаништето во Белград, а соништата за кои сонувавме уште од моментот кога нашиот концепт се појавија, конечно се остварија. На тој начин Sneakerville стана новата дестинација за сите љубители на патики од целиот регион, што ни дава нов предизвик да бидеме уште поиновативни и подобри во наредните години.

Секој март нестрпливо го чекаме и со заеднички сили ја организираме прославата за роденденот на една од најпрепознатливите сулуети од брендот NIKE. Оваа година Air Max Day – денот кога за прв пат се претставени патиките со „видливиот ѓон“, го прославивме низ интересни онлајн активации, за разлика од претходните години кога имавме целодневни активности низ целиот регион.

Од самиот почеток сме и со 2Hot4Stage Fest – најпознатиот регионален фестивал кој ги обединува сите уметници од хип хоп културата, т.н. street културата, но и многу други фестивали кои во регионот ја промовираат sneaker културата.

Со цел постојано да бидеме иновативни и различни, исполнувавме различни активации и кампањи, кои се придружени со големо внимание во последните години.

Можеби најзначајна меѓу нив беше „Ready for School“ кампањата која ги собра младите луѓе од целиот регион кои се шампиони во одредени дисциплини. Ги нарековме Buzz Golden Kids, затоа што тие навистина се, а во интервјуто што го дадоа, ни покажаа колку се кул, различни и уникатни.

Но, тука не е крајот! Изминатите години се вративме во иднината со Air Max колекцијата  – Throwback Future Pack, имавме безброј активации како што беше Show Your Buzz, а во голем стил ги воведовме и брендовите Champion и FILA, претставивме огромен број на нови колекции и секако, го прославувавме секој наш роденден!

Така ќе биде и оваа година, која за нас е во знакот на бројот 5. Еве што подготвивме за нашиот прв јубилеј!

Покрај попустот до 40% на моделите од нашата нова колекција, роденденот ќе го прославиме со BUZZ B-Day Outfits Instagram Challenge. Како што можете да претпоставите, од вас очекуваме да сте креативни, да направите фотографија или го снимите вашиот аутфит кој сакате да го носите за прославата на нашиот роденден и да го објавите на вашиот Instagram профил. Најкреативните за подарок ќе добијат пар патики, со кои се надеваме дека нашиот роденденски дух ќе го внесеме во вашите домови. Правилата за нашата роденденска активација можете да ги прочитате ОВДЕ.

Don’t stop that feeling, it’s Buzz’ 5th birthday!

Тимот на Buzz

 

слично