на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

News
09.04.2020.

MAKE YOUR ROOM YOUR NEW DANCE FLOOR – IT’S TIME FOR BUZZING AT HOME

Време е твојата соба да се претвори во подиум за танцување! Почнува BUZZing At Home – активација во која ќе научиш нова кореографија и нови сјајни чекори за танцување од познатите од целиот регион.

Решивме малку да ве раздвижиме во ситуација кога сите времето го поминуваме во нашите домови! А најдобар начин за тоа да го направиме е – се разбира со танц! Време е твојата соба да се претвори во подиум за танцување! Облечете ги омилените патики и секако омилената облека, затоа што почнува BUZZing At Home!

По тој повод, поканивме неколку познати кореографи од целиот регион кои со нас ќе споделат „туторијали“ од нивните омилени кореографии и ќе ве натераме да танцувате, затоа што нема подобар начин за ширење на позитивната енергија од танцувањето. Доволно е само да ја пуштите омилената песна или „beat“ и да се препуштите на ритмот.

Првиот „туторијал“ од нашиот нов серијал BUZZing At Home го подготви Anja Stefanović aka Unja Green, девојката која е „жив огин“ на подиумот за танцување. Има 27 години и одлична биографија со многу успеси во танцувањето. Како танчер и кореограф учествувала на многу проекти; натпревари за танцување, ТВ емисии, музички спотови, реклами, најразлични кампањи, фестивали и секако многубројни настапи. Во 2010 година беше дел од турнејата на Shakira и дел од концертот во Белград  „The sun comes out World Tour“. Погледнете ги нејзините туторијали кои ги подготви само за Вас. Let’s start BUZZing At Home!

Песната на која танцува можете да ја пронајдете на овој линк, додека патиките со кои танцува сигурно ги препознавате, тоа е моделот Reebok Zig Kinetica, кој можете наскоро да го најдете на нашиот Online shop.

Unja е еден од кореографите кои ќе ви помогнат да научите некои нови движења за танцување. Stay tuned – наскоро пристигнуваат нови кореографии! Научете ги движењата, затоа што на крајот ќе ве чека еден интересен challenge.

Тимот на Buzz

 

слично