04/03 2020.
News

TWIST THE CLASSICS PLAY WITH NEW CHUCK TAYLOR ALL STAR

Кој вели дека помалку е повеќе? Понекогаш и слоганот „More Is More“ може да биде хит, особено кога станува збор за дизајн на патики. Спојот на наизглед неспоивото, промената на непроменливото, судирот на минатото и сегашноста на препознатлив, но тотално неочекуван начин - сето тоа е карактеристика на новата Converse Twisted колекција, која обезбедува целосно иновативен поглед на добро познатите Chuck Taylor All Star патики.

Дизајнерите на овој светски познат бренд кратко се вратиja во минатото за да ја создадaт иднината. Така, познатите „старки“ се претставени на нов, „twisted“ начин, со мешавина од шарени налепници, давајќи им на класиците на патики сосема нов, но подеднакво оригинален изглед. Смелите комбинации на црно-белите патики на Converse Chuck Taylor All Star High Top црни и Converse Chuck Taylor All Star High Top бели патики, го спојуваат она што е најдобро, што ги издвојува, истовремено истакнувајќи ја храброста на оние што ги носат.

Со слоганот „помешај го она што го знаеш, за да го креираш она што не го познаваш“, Converse Twisted колекцијата ве мотивира да го покажете вашиот бестрашен карактер и не двоумете се да се претставите себе си и вашиот стил. Благодарение на ова, легендарните детали дополнително се потенцираат на новите „старки“, со што се создава нешто ново и целосно неочекувано. Новата Converse Twisted колекција можете да ја најдете во Buzz shop во Скопје Сити мол како и на Online shop.

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

26.
Mar.
2020.
News
Иако сме спречени цел регион заедно да го прославиме Nike Air Max Day, ние најдовме други креативни начини да и оддадеме чест на оваа легендарна силуета.
03.
Mar.
2020.
News
Познатата sneaker класика слави 50-ти роденден! Повпечатлива од претходно, оваа година со себе носи порака која гласи - Change is a Team Sport.
17.
Feb.
2020.
News
AM90 полнат 30 години оваа година! По тој повод Nike за 2020 направи нов чекор и ги изнесе во јавност новите Air Max 90 патики, кои може да ги пронајдете во ...
string(0) ""
string(0) ""