17/02 2020.
News

The Future is in the Air Max 90

AM90 полнат 30 години оваа година! По тој повод Nike за 2020 направи нов чекор и ги изнесе во јавност новите Air Max 90 патики, кои може да ги пронајдете во нашата понуда.

Една од најпопуларните силуети е настаната благодарение на легендите од Nike, дизајнерот Tinker Hatfield, кога Air Max III пред 30 години за прв пат излегоа во јавност. Со нивното создавање се отвори еден сосема нов прозорец во sneaker светот, откривајчи нови можности, посебно кога зборуваме за технологиите користени во нивната изработка. За разлика од другите патики овој модел имал повеќе air единици, и на тој начин станува синоним за флексибилност и сестраност. Но, тоа не бил единствениот новитет! Панелите со текстура на горниот дел на патиката им овозможуваат на дизајнерите поголема игра со бои, додека различната платформа им обезбедува дополнителна удобност на различни подлоги.

Од 1990 до почетокот на новиот милениум, Nike Air Max 90 станаа култен sneaker класик. Бројните реизданија на овој модел, кои во претходните години се претставувани во одбрани етапи, ја обележаа street културата и станаа statement модно парче.  Во 90-те овој модел почна да се носи со буквално се, без разлика на трендовите и стиловите кои во моментот се актуелни.

Во пресрет на новата деценија, а и во чест на нивниот 30 роденден, Nike ви ја претставува најновата силуета со ознака AM90. Покрај напредниот дизајн, кој опфаќа: редизајниран ѓон, преден дел на патики и воздушна единица, моделот оваа сезона ќе биде достапен во комбинација со неколку color blocking нијанси. Кога се работи за внатрешноста на патиките моделот е и конструкциски унапреден и го содржи така нареченото “велигденско јајце”  - Air Max 1 ѓонот. Но, тука не е крај на изненадувањата, бидејќи дизајнерите го искористија и тајниот дизајн кој е користен на првобитниот модел, но и во некои подоцнежни реизданија на овие и други Air Max патики.

Nike Air Max 90 оваа сезона се враќаат во OG форма, додека во нашата понуда се изложени неколку впечатливи силуети. Секоја од нив се издвојува со мрежасто горниште со бела боја, пополнети со детали од превртена кожа. Посебен додаток се елементите со впечатливи бои кои не се изразуваат само на горниот дел, туку и на меѓу ѓонот и ѓонот на патиката. Овој модел можете да го најдете во сите Buzz продавници и на нашиот онлајн шоп.

The Future is in the Air!

BUZZ

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

26.
Mar.
2020.
News
Иако сме спречени цел регион заедно да го прославиме Nike Air Max Day, ние најдовме други креативни начини да и оддадеме чест на оваа легендарна силуета.
04.
Mar.
2020.
News
Кој вели дека помалку е повеќе? Понекогаш и слоганот „More Is More“ може да биде хит, особено кога станува збор за дизајн на патики.
03.
Mar.
2020.
News
Познатата sneaker класика слави 50-ти роденден! Повпечатлива од претходно, оваа година со себе носи порака која гласи - Change is a Team Sport.
string(0) ""
string(0) ""