21/10 2019.
News

NIKE AIR FORCE 1 SHADOW: New Wave of Women’s Force 1s

Водени од тоа дека жените бескрајно се разликуваат и сакаат да се изразат себеси преку стилот и патиките кои ги носат, дизајнерите од брендот Nike креираа нова силуета, на добро познатата sneaker икона – Nike Air Force 1. Се работи за Nike Air Force 1 Shadow, модел кој на најдобар начин ги покажува желбите на жената кога се работи за детали и за дизајн. Nike Air Force 1 Shadow претставуваат нешто единствено, а сепак добро познато и препознатливо.

Инспирација за новиот дизајн на Nike Air Force 1 Shadow женските патики, кои се препознаваат преку зголемениот број на детали и слоеви, ги претставуваат жените кои во своите заедници направиле промена – оние кои не се плашат да направат промена и се стремат кон подобар и поубав свет.  Затоа и овој модел на патики во прв план ги става детално смислените елементи кои на совршен начин ги спојуваат елеганцијата и прекумерната нагласеност на прв поглед.

Функционалноста на патиката никако не е изоставена. Повисокиот меѓуѓон им дава уште помодерен изглед, додека содржајниот ѓон ја прави самата патика уште поудобна и полесна за носење.

Nike Air Force 1 Shadow женските патики можете да ги пронајдете во продавницата на Buzz во Скопје Сити мол како и на онлајн страната. Не ја пропуштајте приликата да бидете едни од првите кои ќе ги пробаат New Wave of Women’s Force 1s.

Buzz тимот

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

03.
Jul.
2020.
News
Почетокот на летото и оваа година е во знакот на SUMMER SALE во нашиот shop. Одличната понуда на светски познатите брендови и намалените цени се само некои о...
16.
Jun.
2020.
News
Dance манијата продолжува! Научи нови чекори за танцување со нашите туторијали.
01.
Jun.
2020.
News
Nike Air Max 2090 е еден од моделите кој го заслужува целото sneaker внимание во светот.
string(0) ""
string(0) ""