25/09 2019.
News

WHEN COMFORT MEETS TRUE ART: Nike Air Max 270 React

Инспирирани од една од најголемите и највлијателните академии за модерна уметност во 20-от век, чиј единствен пристап се предавањата, кои ја спојуваат уметноста, социологијата и модерната технологија, имаат  големо влијание на младите генерации, а секако и на уметноста, дизајнерите од Nike создадоа модел  - Air Max 270 React кој е доказ дека може да постои хармонија помеѓу комфорот и автентичниот стил.

Се работи за Bauhaus, правец кој се борел против снобизмот на уметничката класа во тој период.  Како совршен спој на функционалноста и уметнноста, Nike Air Max 270 React “Bauhaus” претставува  уникатна силуета која со својот изглед ќе ве воведе во еден сосема нов свет.  Со блокови од контрастни бои на горниот дел и мекото полнење на ѓонот, Air Max 270 React  претставува оригинално издание на sneaker класика која на вистински начин ги спојува ретро силуетите со модерните детали.

Со уметничките мотиви на Bauhaus, споени со вибрациски и пастелни тонови и конструкцијата која потсетува на геометриски логотип, Nike Air Max 270 React “Bauhaus” изгледаат целосно футуристички. А што е најважно, и се вклопуваат со идејата на тој уметнички правец – не се досадни.

Благодарејќи на Nike React технологијата за полнење на ѓонот, удобноста е обезбедена со секој чекор, додека лесните и слоевити материјали и даваат на силуетата модерен изглед.

Nike Air Max 270 React “Bauhaus” машките патики можете да ги пронајдете во Buzz shop во Скопје Сити мол како и на Online.

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

10.
Dec.
2019.
News
Време е за вистинскиот #StlylishThrowback, затоа што оваа зима е моментот кога ретро парчињата гардероба ќе се носат на комплетно модерен начин.
24.
Oct.
2019.
News
Кога на ретро моделите ќе се додадат делови од урбани елементи, настанува „one of a kind“ колекција со потпис од брендот Champion.
21.
Oct.
2019.
News
Новите Nike Air Force 1 патики претставуваат се што сте посакувале во својата колекција.
string(0) ""
string(0) ""