на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

News
04.09.2019.

REEBOK AZTREK 96: The Legend is Reinvented

Дали и вам ви се чини дека модниот стил кој бил актуелен за време на деведесетите, деценија која на многуте им ја промени домашната и светска sneaker сцена, својата автентичност ја потврди дури во 2019 година? За тоа не придонесоа само бројните новитети, туку и  генијалното реиздание на sneaker класикот кој е актуелен повеќе од било кога. Еден од нив е Reebok Aztrek 96, моделот кој го чува наследството на брендот со препознатлива, благо модифицирана и унапредена силуета.

Со комбинација на текстил и велур на горниот дел, првобитно бели тркачки патики (да, Reebok Aztrek беше наменет за тркачите) усовршени со впечатлив, ретро колорит, на кој се одделуваат виолетовата, кафеавата, портокаловата и тиркизно сина. И брендингот е подискретен од претходно, па затоа дава посебен контраст на веќе гламурозната силуета. Зошто да не, таканаречените ugly shoes се апсолутен must have!

Ретро ѓонот на редизајнирата силуета е додатно обликуван и пополнет со colorblocking детали, благодарејќи на нив се вклопува во темата на деведесетите. X-формата на патиките содржи додатен слој во предниот дел, правејќи го ‘’аглест’’ дизајнот, додека вклопениот брендинг од страна допринесува минимализмот на новите модели да добие потполно нова димензија.

За разлика од нивните претходници, новите Reebok Aztrek 96 unisex патиките ќе го обојат вашето секојдневие со ветрови од минати времиња и ќе допринесат за впечатливоста на сите комбинации. Побарај ги во Buzz Shop во Скопје Сити Мол или online.

Buzz

слично