на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

News
20.08.2019.

THEY ARE READY FOR SCHOOL. ARE YOU?

Овие деца се млaди, паметни, успешни, автентични, кул, со еден збор – единствени! Ова се нашите Golden Kids, „златни’’ деца од регионот кои ги одбравме за лица на новата Ready for School кампања. Нашите златни деца доаѓаат од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија и Романија и за нив може да се каже дека се родени подготвени. Не ни верувате? Со самиот нивен успех кој го имаат постигнато на нивна возраст,  дознавате многу за нив.



Пијанистката Una Miljuš од Србија, која има само 7 години го има освоено Шопеновиот златен прстен, додека денес може да се пофали и со голем број на признанија на меѓународни натпревари.

Petar Rakočević е петнаесет годишен роботичар од Црна Гора и е еден од членовите на националниот Олимписки тим. Петар е државен шампион во роботика и дел од трето пласираниот тим на интернационалната олимпијада за математичари.

Aleksandra Roljić, претставничката на Босна и Херцеговина, е атлетичарка која го држи националниот рекорд во 400 метри за јуниори, а воедно е и победничка на интернационалното натпреварување во атлетика.

Petra Krušelj е осумнаесет годишна танчарка од Хрватска и државна шампионка во неколку танчарски категории. Исто така, таа е најдобар солиста во регионалниот freestyle натпревар.

Martin Kopčev, златен олимпиец од Бугарија, со само 17 години има колекција на медали од областа на математиката и информатиката на која би му завидувале и многу постари колеги. Секако, во колекцијата има најголем број на златни медали.

Грациозната балерина Badea Bjanka Andrea ни доаѓа од Романија и е победничка на  Youth America Grand Prix  натпреварот во балет, кој е светски призната балетска манифестација, додека Anže Hribar, гимнастичар од Словенија е еден од најмладите членови на националниот тим и победник на многу меѓународни натпревари.

Со своите успеси и со својата неверојатна енергија која ја шират каде и да се појават, Buzz Golden Kids, не маѓепсаа ова лето. Ги собравме сите заедно во Белград и по тој повод направивме интервју со нив. На тоа интервју ни открија како успеваат со толку малку години да постигнат толку многу успеси, исто така што е тоа што ги прави единствени, а воедно и докажаа дека се само обични деца кои се спремаат за новата учебна година и новите успеси во животот. Погледнете го Ready for School видеото кое е доказ дека границите не постојат кога разговараме за вистинските човечки вредности.

 

И уште нешто... Во нашите продавници и на онлајн сајтот е започната големата Ready for School акција која трае до 9-ти Септември.

Are you ready for school? We are!

слично