23/04 2019.
News

DON’T KEEP CALM, IT’S BUZZ 4TH BIRTHDAY

Дали знаете што ги поврзува младите артисти и спортисти, луѓе со импресивни кариери, како и најмладите кои допрва треба да го градат својот пат на локалната и светска сцена? Одговорот е едноставен - љубовта кон sneaker културата.

Од своето основање BUZZ sneaker station ја слави различноста, автентичноста, уникатниот стил и мотото биди свој. Затоа, овој април, ние креиравме кампања за нашиот 4-ти роденден и ги собравме сите  луѓе со слободен дух, без оглед на тоа што работат, во видео кое ве поканува да бидете дел од нашата прослава на роденденот на 25-ти април.

Фотографот Nemanja Maraš, кошаркарот Dejan Marijanović, актерката Marina Ćosić и кореографот Unja Green се само неколку членови на екипата што на најубав начин го претставуваат она што е BUZZ - единствен концепт во регионот наменет за вистински љубители на патики.

После четири многу успешни години, низ кои се трудевме да ви донесеме нови дизајни од реномирани светски брендови- Nike, adidas, Reebok, New Balance, Jordan, New Era, Puma, Converse, Under Armour, и од неодамна Champion и FILA, продолжуваме да ве изненадуваме со иновации и неверојатни понуди што ги рушат сите граници на локалната sneaker сцена и ве инспирира да бидете уште по автентични.

Токму затоа ве очекуваме на 25ти Април во сите BUZZ продавници во регионот. За тој ден ние подготвивме специјални роденденски попусти на познатите брендови за нашите лојални фанови и следбеници.

Се гледаме во нашите продавници во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романинја, Црна Гора, Хрватска и Словенија.

остави коментар

слично

25.
Sep.
2019.
News
Nike Air Max 270 React се доказ дека помеѓу комфорот, вистинската уметност и стилот може да постои хармонија.
04.
Sep.
2019.
News
Sneaker легендата штотуку се здоби со нов изглед, овековечен со актуелните Reebok Aztrek 96 силуети.
22.
Aug.
2019.
News
Sneaker класиката од 90-те го здогледа дневното светло во потполно ново руво.
string(0) ""
string(0) ""