Nike Air Max моделите несомнено се едни од најпрепознатливите силуети на спортскиот гигант. Со новата Air Max колекција – Throwback Future Pack, брендот дава нова визија за иднината на патиките. Истовремено почитувајќи го наследството на Air технологијата, но и зацврстувајќи ја позицијата во сегашноста, оваа колекција нè носи во иднината.

Новата колекција на Nike е пренесена преку серија на футуристички фотографии кои никој нема да го остават рамнодушен. Како лица на кампањата на Nike во Македонија, BUZZ го претставуваат долгогодишниот BUZZ амбасадор Антонија Локвенец, и талентираните момци Христијан Тасковски-Таско, Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тони.

Nike Air Max Throwback Future Pack колекцијата е составена од веќе препознатливите силуети: Air Max 95 и Air Max 97, и водечката силуета Air Max 270 - која иако беше лансирана минатата година веќе прерасна во култ кај sneakerhead културата.

Секој од моделите е покрај црната основа е надополнет со иридесцентни детали, тиркизната и интензивно розевата боја, со што се нагласуваат индивидуалните обележја на секој од моделите, како и незаменливата Air технологија.

Nike Air Max 270 – изборот на Антонија и Тони

Изработена со најновите технологии на Nike, Air Max 270 не прави компромис помеѓу комфортот и издржливоста. Дизајнот на  Air Max 270 е основан на два претходни Air Max модели и го има највисокото воздушно прениче до сега. Создадена за сите урбаниот животен стил, патиката е создадена за луѓето кои секогаш се во движење. Со секој чекор ќе имате чувство дека чекорите по воздух, а проѕирното иридесцентно воздушно перниче ќе ги сврти сите погледи кон вас.

Nike Air Max 97 LX – изборот на Кун

Претставена непосредно пред почетокот на новиот милениум, силуетата Nike Air Max 97 од супер брзиот јапонски воз Shinkansen. Овој модел ја обележа младоста на многу генерации со својот минималистички аеродинамичен дизајн и воздушното перниче долж целата патика. Во новата колекција аеродинамичниот дизајн е нагласен со горен дел кој се прелева од тиркизна во виолетова боја. Како посебен детаљ е малото лого на брендот во розова боја.

Nike Air Max 95 – изборот на Таско

Овој модел нема само едно воздушно перниче, туку две. Човековото тело е инспирацијата на дизајнерот Sergio Lozano. Средниот ѓон го претставува ’рбетот, слоевите на горниот дел мускулите, нагласените линии ребрата. Неверојатна идеја која резултира со впечатлив и футуристички изглед. Воздушните перничиња со розова внатрешност даваат посебен изглед од сите претходни комбинации на бои.

Доколку и Вие се препознавате во визијата на Nike за иднината, Nike Air Max Throwback Future Pack колекцијата можете да ја пронајдете тука и во продавницата во Skopje City Mall.