на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

News
05.01.2018.

NMD, КАКО СТИЛ НА ЖИВОТ

Се викам Adidas NMD. Моето име е ,,NMD" и доаѓа од зборот номад, кој значи човек кој постојано е во движење. Со самиот избор на моето име моите креатори го замислија мојот живот како непрекинато патување и потрага по неизвесност. Најпрво патував во кутија. Тогаш не знаев каде одам и каде ќе стигнам, но се надевав дека сите ќе се радуваат на мојот „boost“ ѓон, кој е број 1 во светот. Животот во кутија едноставно не беше за мене, па многу брзо завршив на полиците во Buzz shop. 

Ни тука не се задржив долго, затоа што мојот сегашен сопственик брзо ме пронајде. Кога ме погледна, тоа беше љубов на прв поглед. Почувствував како останатите патики кои ме опкружуваат љубоморно ме гледаат. Тие не беа љубоморни само на љубовта на мојот нов сопственик, Азур, според мене беа љубоморни на мојот убав изглед, беспрекорниот квалитет и удобноста – затоа што тежам само 50g. Како што реков, се викам Adidas NMD, со причина. Знаете, Азур и јас многу патуваме. Заедно видовме многу места и привлековме големо внимание. Среќен сум секој пат кога ќе ме одбере, затоа што знам дека одиме во нова авантура, на која Азур на сите им кажува дека е горд сопственик на своите патики. Стариот дизајн и најновата технологија едноставно привлекуваат внимание каде и да се појавиме. 

Слушнав дека љубавта не може да се купи, што според мене не е точно, затоа што Азур мене ме купи, а јас мојата љубов ја искажувам со невидена удобност, секој пат, одново и одново. Ме одржува беспрекорно чист и ме покажува со гордост. Азур и јас правиме еден тим кој со леснотија може да го освои целиот свет. И затоа, драго мое другарче не плаши се од конкуренција и верувај во себе. Може мојата приказна ќе ви помогне и Вас.
 

Поздрав

NMD i Azur

слично