на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

News
11.12.2017.

КРЕИРАЈ ГО СВОЈОТ BLOGBUZZTER

Оживи ја својата омилена патика и освој патика по твој избор!

Ниту една Нова Година не може да помине без подароци. Затоа и оваа година решивме новите победници на BLOGBUZZTER наградниот конкурс да ги израдуваме со патики по нивен избор. Креирај го својот blogBUZZter и влези во играта!

Твоите омилени патики знаат се за тебе и го следат секој твој чекор. Тие се тука да го надополнат твојот аутфит и прават да се чувствуваш пријатно и сигурно. Сега твојата задача е да ја оживееш својата омилена патика и да ја раскажеш нејзината приказна!

Кои човечки особини можеш да и ги дадеш на твојата патика? Дали твојата патика е ведра, енергична и опуштена или е едноставна, уредна и практична? Дали можеби твојата патика е вистинска уметничка душа или роден лидер? Повеќе сака ноќни излегувања или дружење во маало? Сигурни сме дека навистина добро ја познаваш својата омилена патика. Сакаме да не запознаеш со неа!

Селма од нашиот Buzz Crew ви дава пример на приказна од гледна точка на нејзините омилени патики. Приказната можете да ја прочитате тука.

За да учествуваш во наградниот конкурс потребно е до 31.12.2017 да го направиш следното:

  • Да ја избереш својата омилена патика од Buzz чија приказна ќе ја кажуваш
  • Да напишеш своја блог приказна со фотографии или да снимиш блог на оваа тема
  • Да објавиш една слика од своите омилени патики на својот ОТВОРЕН Instagram профил со #blogBUZZter #buzzserbia и да ја означиш нашата страница @buzzsneakerstation
  • Блог приказната со фотографии или влог и линк до својот инстаграм профил да ги испратиш на marketing@buzzsneakers.rs
  • Да бидеш оргигинален/на и инспиративен/на

Мината година Сара, Антонио и Марио не одушевија со своите приказни и слики за Биди Buzz Bloger наградниот конкурс, а оваа година очекуваме BlogBUZZter-и со уште инспиративни приказни и влогови, но сега од гледна точка на твоите омилени патики.

Трите најоригинални, најинспиративни blogBUZZter приказни ќе ги наградиме со патики по нивен избор и со ваша претходна согласнот ќе ги објавиме на нашиот блог, како и на Facebook и Instagram страници на 05.01.2018 година.

Нестрпливо ги очекуваме вашите blogBUZZter приказни!

слично