Поради многу причини ноќта е најинспиративниот дел од нашето секојдневие. Кога ќе се стемни, а светлата ќе се вклучат, на сцена настапува сосема поинаква атмосфера на која многу не можат да и одолеат. Таа особено е привлечна за уметниците, а од неодамна и на љубителите на патики, бидејќи токму ноќта на дизајнерите од брендот adidas им послужи како совршена инспирација за создавање на нови модели. Така настана новиот adidas Nite Jogger – патика за тркачи која е реинтерпретирана преку иновативна, неповторлива естетика.

Станува збор за силуета која ги комбинира функционалната технологија и иновативниот дизајн и која се враќа на улиците, инспирирајќи ги креативните умови. Благодарејќи на неа, дизајнерите од брендот adidas потсетуваат дека никогаш не е доцна да ја остварите својата визија.

Новите Nite Jogger патики содржат исклучиво лесен слој од посебен најлон материјал изработен со уникатно меко ткаење. Hi-vis деталите, односно елементите со висок одсјај, даваат посебен акцент на целиот горен дел на моделот, додека пак од друга страна посебен комфор за ноќно истражување овозможува BOOST пената, како и издржливиот надворешен гумен дел на ѓонот. Во комбинација, овие елементи нудат напредна силуета прилагодена на потребите на уметниците кои творат 24/7. Дополнителен детал е пораката брзината на ноќта, испишана со Морзеовата азбука на надворешниот дел од ѓонот.

Adidas Nite Jogger патиките можете да го најдете во Buzz Shop во Скопје Сити Мол како и онлајн.