БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

ЈАВЕТЕ СЕ НА 02 3055 222

работни денови од 8 до 17 часот и во сабота од 9 до 17 часот

Nike Air Huarache “Toadstool”
Nike Air Huarache “Toadstool”
Blogger Pick
03.08.2022.

Nike Air Huarache “Toadstool”

Здраво, Базовци.

Јас се викам Благоја Манев, но можеби ме знаете како @plugoja од Instagram.

Себеси се сметам за радознала личност која сака да експериментира со својот стил. Пратејќи го модерното време и потребата за удобна обувка ми го привлече вниманието токму овој модел на Nike патики.

Станува збор за моделот Nike Air Huarche LE “Toadstool.” Создадени се за совршено да одговараат на твоите стапала и дизајнирани се за удобност.

Иако првобитната намена на овој модел од Nike патики е за трчање, нивниот едноставен изглег и живописни комбинации на бои, со текот на времето станува дел од секојдневниот живот на многумина кои го следат “уличниот“ стил.

Мазната кожа на горниот дел е комбинирана со ’’breathable’’ сјајна ткаенина, а плиткиот профил и нивната конструкција ги прават елегантни и удобни. Засилувањето на петата и брендирање го задржува оригиналниот стил од 90-тите кој сите го сакаме. Air Max единицата обезбедува мека и трајна удобност, додека средниот ѓон од пена го подобрува пријатното чувство, а гумениот ѓон обезбедува долготрајност.

Оригиналниот слоган бил “have you hugged your feet today?” што совршено го опишува кројот на патиките во кои се чуствувате сигурни и спремни на се што носи денот.

Нивната универзалност и “easy to wear” лик досега ме немаат издадено и се совршени за мојот начин на живот.

Мојот омилен Nike Air Huarache “Toadstool” пар во моментов е достапен во сите Buzz продавници како и online.

До следен пат,

Поздрав.

@plugoja

 

Trenutno nema komentara

слично