на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Fun with Nike Dunk Low
Fun with Nike Dunk Low
Blogger Pick
25.05.2022.

Fun with Nike Dunk Low

Здраво луѓе!

Ви се враќам со приказна за можеби највозбудливиот модел досега, станува збор за Nike Dunk Low кој веднаш ме освои со својот изглед и детали.

Претпоставувам дека не сте изненадени од изборот на моделот, колку што сте изненадени од изборот на боите, но едноставно не можев да одолеам на овој разигран, шарен пар.

Nike Dunk Low е инспириран од легендарните кошаркарски модели и се смета за една од најудобните патики повеќе од 30 години. Токму оваа комбинација на елегантен класичен дизајн и удобност ги прави во моментов најпопуларните патики меѓу љубителите на патиките.

При изборот на патики најчесто избирам модели кои не се спојуваат со аутфитите, туку ќе бидат првото парче што некој ќе го забележи, а овие екстравагантни патики за кои се одлучив овој пат се токму тоа! Безброј детали, принтови и текстури се она што ги прават посебни. Сето ова лудило и детали - сафари принт, бои и вештачко крзно, ги балансира белата основа и еднобојниот Swoosh, па не е тешко да ги комбинирате со секојдневните комбинации. Невообичаениот изглед и леснотијата ги прават совршени патики за сончеви пролетни денови и разни секојдневни активности.

Доколку сакате да се истакнете и издвоите од толпата, ова е модел кој мора да стане дел од вашата колекција. Овој пат ги искомбинирав со асиметрична Nike маица и долен дел тренерка и дефинитивно не останав незабележана на улиците.

Уживајте во прекрасните сончеви денови и новите кул модели кои пристигнаа во продавниците на Buzz како и на online shop.

INA 

 

слично