БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

ЈАВЕТЕ СЕ НА 02 3055 222

работни денови од 8 до 17 часот и во сабота од 9 до 17 часот

RETRO SNEAKERS MADE IN PART WITH RECYCLED CONTENT
RETRO SNEAKERS MADE IN PART WITH RECYCLED CONTENT
Blogger Pick
04.05.2022.

RETRO SNEAKERS MADE IN PART WITH RECYCLED CONTENT

Ги почитувам и носам "трите црти" од дете, најмногу заради едноставноста и духот, а потоа заради имиџот и стилот. Целата приказна за adidas, за браќата Ади и Рудолф за годините во кои почнале и "градот со наведнати глави" ме привлече уште повеќе да го засакам овој епски бренд.

Јас сум Владимир Пешков или како што мојата публика ме знае - ЛД Пистолеро @ldpistolp

Активно сум присутен на рап сцената повеќе од 15 години, а од 2008 активно тренирам Кендо.

Денес позади себе имам повеќе официјални студиски изданија и со положен 3-ти Дан сум член на Кендо репрезентацијата на Македонија и инструктор на јуниорите во "Зен Кен доџо Јошин" во Скопје.

Спортот, музиката, улицата и игралиштата низ годините го изградија мојот стил, а тие што ме знаат знаат дека мојот стил е adidas.

Кога се работи за патики "Shell shoes" е мојот тотално неотповиклив избор. Можам да ги носам со буквално се!

Жаргонски кажано Adidas Superstar е „понашање“. Иако идејата им е да се "low top" баскет патики, многу рапидно се префрлаат од баскет терените на улица. Моите денови, видео спотови, тренинзи и настапи не можат да "пројдат" без Adidas Superstar и високо крената бела чорапа.

Конкретниот модел на Superstar веднаш ги забележав. Kожниот горен дел и капачето на прстите остануваат верни на минатото, изгледајќи исто како оригиналот од 70-тите. Делумно се направени со рециклирана содржина создадена од отпад од производство.

Овој модел на adidas Superstar како и сите останати може да ги погледнете во продавниците на Buzz како и на Online shop.

До следно читање,

Поздрав,

ЛД Пистолеро

Trenutno nema komentara

слично

09.
Mar.
2022.
Blogger Pick
Hi Buzzers! Јас се викам Нина Ретар и повторно ви подготвив новa блог приказна, овој пат во пролетни бои. Nike Huarache е легендарен модел, кој штотуку про...