на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
21.06.2017.

ADIDAS TUBULAR NOVA PK

Ќе пробам на најлесен начин да ви кажам се што можам за TUBULAR, како новост во светот на патиките, а паралелно ќе ги навестам малите разлики измеѓу него и TUBULAR NOVA PK.
Кога се појавија, многумина си помислија дека е уште една од Kanye West x ADIDAS колаборацијата, но TUBULAR е само показател во кој се правец може да оди техниката и начините на изработка на обувките. Tubular е инспириран од RUNNING линијата од деведесетите години.

Nic Galway, глобалниот VP (vice president)  на ADIDAS сето тоа го објаснува вака: ''Гледав да ја заинтригирам фантазијата на сите во корпорацијата. Мојата точка на тргнување е патувањето, односно нашиот архив. Она што најмногу ме интересира се прототипите на обувки кои никогаш не се произведени, а не крајниот производ.''

Името TUBULAR или како што може да го преведиме „облик на цевка“ (tube-shaped), се поради дизајнот на ѓонот, како на надворешната, така и на внатрешната страна. Самиот облик подсетува на гума (на внатрешноста на гума од автомобил).
''Она што сакав да го направам, беше да се вратиме на тој „tube-shaped“ елемент'', рекол Galway, и додадил дека е корисно да се спојат две различни густини на EVA пената. Тоа било клучот за изработката на Тubular. Процесот на производство на ѓонот во форма на цевка е многу полесен отколку што беше. Моделот беше пред своето време, поради материјалите. Adidas и порано планираше производството на „чорапни-патики“, но тие ја немаа потребната технологија за изработка.


Не било лесно да се направи патиката да биде убава, функционална и на крај многу, многу впечатлива и препознатлива.  Почнаа да ја стеснуваат петата, потоа додадоа „заварени“ горни слоеви и користеа некои елементи од ZX FLUX моделите. Конкретно за моделот за кој пишувам на задниот дел постои трака намасто пластика која вообичаено доаѓа на TUBULAR моделите... Ја не носам папучи, и мислам дека ја пронајдов адекватната замена затоа што патиката е толку многу „прозрачна“ и лесна што имам чувство како да сум во папучи J
Кога повторно ќе пишувам за модели кои ја имаат застапено оваа технологија, ќе напишам поопширно за изработката како и историјата на оваа технологија. До тогаш, убав поздрав од мене од сончевата Бања Лука.

Поздрав 

KRESKO

слично