на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

THE NEXT ERA OF CONVERSE DESIGN AND COMFORT IS HERE!
THE NEXT ERA OF CONVERSE DESIGN AND COMFORT IS HERE!
Blogger Pick
20.10.2021.

THE NEXT ERA OF CONVERSE DESIGN AND COMFORT IS HERE!

Ова е втор пат во моите 30 години да носам Converse патики, првиот пат беше пред година дена кога беа дел од outfit-тот на еден мој танчерски настап, а сега ги забележав во Buzz. Неверојатно!

Во светот на патиките постојат трендови кои се актуелни одреден период и постојат класици. Converse секако спаѓаат во втората категорија. Сите ги носат, а јас за прв пат ги пробав во 2021-та година.

Станува збор за модел кој е за мажи и за жени, Chuck 70 Explore Waterproof, една од иконите кога станува збор за минималистчкиот спортски дизајн на патики, иако одамна веќе луѓето не ги носат само за спортските активности.

Chuck Taylor е личност која ги популаризираше старките во незамисливи размери. Taylor ги редизајнираше патиките на Converse и затоа од 1932-та година заедно со оригиналното име на брендот стои и неговиот потпис. Тој бил кошаркар и кондиционен тренер, но особено се истакнал со својата смисла за продажба. До 1970-та година патиките Chuck еволуирале до врвна функција во самиот спорт и затоа се сметале за најдобри кошаркарски патики.

Chuck 70 Explore Waterproof се направени од оригиналниот дизајн на 70-те, со врвни водоотпорни материјали и со особен акцент на деталите. Овие патики се толку вкоренети во традицијата што имаат своја својствена историја.

Елементите на Chuck 70 Explore Waterproof, како што се зајакнатите конци, издржливиот ѓон и потпорната Ortholite внатрешна влошка, инспирирани се токму од времето поминато на отворено и затоа овој модел е совршен за претстојната дождлива есен. Платното од класичните оригинални Converse патики е заменето со водоотпорна нубук кожа која дополнително е зајакната со воотпорната постава. За ваше безгрижно чекорење по дожд.

Во овие патики можете да се чувствувате удобно и сигурно, без оглед на временските услови и токму поради тоа патиките Converse добиваат место во мојата колекција.

 

Овој модел можете да го најдете во продавниците на Buzz или да ги нарачате online.

 

До некои нови откритија, уживајте во есента!

 

Don Kiki

 

слично