БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2490 ДЕН.

ЈАВЕТЕ СЕ НА 02 3055 222

работни денови од 8 до 17 часот и во сабота од 9 до 17 часот

Blogger Pick
18.08.2021.

adidas Forum - Open to explore new ideas

Здраво дечки,

Сончевите летни денови минуваат толку брзо што сѐ уште не ни се верува дека е август. Сите знаеме дека ова е совршено време да се опуштиме и да уживаме во одличните летни моменти за да се појават нови идеи. Во ритамот на експресивниот месец август, се инспирирав и одговорив на провокацијата со новата силуета на adidas FORUM BOLD.

Оние од вас со внимателно око сигурно ќе забележат дека ова е враќање на култната Forum силуета од 80-тите години. Како дел од кошаркарската историја, оваа легендарна силуета го освојува уличниот стил во 80 -тите години со неверојатниот дизајн и врвното чувство на удобност. Сега, под влијание на духот на новата генерација, adidas одлучи да ја врати класичната силуета, ставајќи акцент на урбаниот стил и на стремежот да ја изразите својата индивидуалност.

Инспирирана од лудите 80-ти, се осмелив да излезам од зоната на комфор и решив да експериментирам со различни бои што обично нема да ги најдете во мојата гардероба. Ќе признаам дека не очекував дека пастелните тонови на FORUM BOLD ќе изгледаат толку добро со смелите и светли неонски бои што создаваат една интересна симбиоза способна да ги потресе и градските улици, и ноќните клубови.

И, ако се прашувате дали можете да ги комбинирате патиките со поопуштен изглед, мојот втор аутфит ќе одговори на вашите прашања. Високиот ѓон, сатенскиот горен дел со материјал кој не дозволува набирање и светлиот детал од едната страна овозможуваат секој аутфит да изгледа одлично. Новите FORUM BOLD секако стануваат моите нови омилени патики затоа што даваат слобода да се изразите на најдобар начин и да истражувате нови модни хоризонти, но и да го одржите духот од 80-тите години.

adidas Forum Bold може да го најдете во сите продавници на Buzz или online во две комбинации на бои - бела или сатенска верзија со детали.

Stay open to new ideas,

Akasha

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

01.
Sep.
2021.
Blogger Pick
25.
Aug.
2021.
Blogger Pick
Да бидеме искрени... Оваа патика e за девојки кои знаат што сакаат и како да го добијат тоа што го сакаат. Патиката е класична, но во исто време и предизвик...
28.
Jul.
2021.
Blogger Pick
21.
Jul.
2021.
Blogger Pick
23.
Jun.
2021.
Blogger Pick
Здраво, екипо!   Многу ми е мило што повторно се дружам со вас во порелаксирано, летно расположение. Овој пат, како за одличен почеток на летото, ги н...