на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
23.06.2021.

WE VIBE IN PINK

Здраво, екипо!

 

Многу ми е мило што повторно се дружам со вас во порелаксирано, летно расположение. Овој пат, како за одличен почеток на летото, ги носам патиките Nike Air Max Genome.

Nike Air Max Genome моделот има клучни елементи од минатите модели и доаѓа во „Bubble Gum“ бои, со горен дел конструиран од мрежа, перфорирана кожа и синтетички облоги.

Nike Air Max Genome ‘White Bright Mango’ се патики инспирирани од естетиката од раните 2000-ти години и направени се со најмалку 20% рециклирани материјали, што многу ми се допадна.

Розовите акценти на горниот дел и на Nike Air воздушната единицата даваат женствен, впечатлив изглед на овие lifestyle патики.

Токму поради тоа го одбрав овој модел Nike Air Max Genome од колекцијата на Buzz, бидејќи е совршен спој на привлечен дизајн, неспоредлива удобност и кул изглед.

Одлично ќе се вклопат во мојот стил оваа сезона во casual комбинации. Како вие би ги искомбинирале и кое ви е омилено место периодов каде би ги носеле овие патики?

Ги чекаме вашите комбинации, а дотогаш уживајте и одмарајте во сончевите денови и чекорете гордо со вашите Buzz патики.

Овие модели може да ги најдете во Buzz продавниците или да ги нарачате online.

До следната средба ви испраќам многу љубов,

 

Антониа

слично