на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
10.05.2017.

Pick me, Pick me!

Да бидам искрен, кога првиот пат ги забележав во продавница не бев заинтересиран. Не затоа што не се добри, напротив, бидејќи тоа не би биле патики за кои јас лично би се заинтересирал. Меѓутоа...


Колку пати сте размислувале: “Можеби ова не е за мене, можеби не е мој стил”. Но оној кој не ризикува, тој не профитира! Шала на страна, овој пат решив да се поставам самиот себе на тест и да излезам малку од мојот стил на патики. Сите оние што ме пратат на Instagram, беа вклучени во изборот на патиките за овој блог. Бескрајно сум благодарен на сите на коментарите и одговорите, но еден коментар е посебно интересен: “Nike Huarache, бидејќи досега не си ги имал овие “луди” модели за да бидеш поинаков во секојдневието”. Еве, еве... одлучено.


Nike Air Huarache имаат многу занимливо минато, единствен дизајн, многу се необични и ефектни со што делуваат вселенски. Во денешниот streetstyle одлично се вклопуваат, а најголемо воодушевување е удобноста, рај за нога. Толку многу ме инспирираа овие патики, што освен фотографиите за вас направив и видео.

Заклучок: Надмини се себеси, бидејќи тоа го можеш и мораш!

@ponocnijahac

слично