БЕСПЛАТНА ДОСТАВА

на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2490 ДЕН.

ЈАВЕТЕ СЕ НА 02 3055 222

работни денови од 8 до 17 часот и во сабота од 9 до 17 часот

Blogger Pick
26.05.2021.

Color blocking all the way!

Сеуште има lockdown и ограничувањата сè уште се присутни. Временската пробноза е ужас; дожд, дожд и само дожд.

Но, не е се така сиво, после долго очекуваното успешно лансирање на популарната серија 327, New Balance претставува уште еден нов модел: NB 237 во повеќебојна верзија подготвена за пролет!

Естетиката е вкоренета во 70-тите години, особено во овој пар, благодарение на контрастниот горен дел направен од најлон, мрежа и кожа.

Постои и голем страничен „N“ инспириран од претходникот NB 327 со што го дополнува изгледот.

Лежерната силуета комбинирана со ретро изглед со модерни детали како асиметрично капаче за потпетиците дава разноврсен и модерен изглед. Висококвалитетната мешавина од материјали, со мека и удобна конструкција ги прават овие патики модерен и сигурен избор за секојдневно носење.

Јас ги тестирав патиките шетајќи низ градот во спортска облека. Црно-белиот дуксер со качулка, долниот дел на тренерки како и маичката совршено одговараат со нив. Естетиката може да биде совршена, но ако не ми одговараат, не ги земам. Ова не е случај со овие парчиња, тие добија преодна оценка.

Но, дојдоа годините, триесеттите години. Животот веќе не е само учење, тренирање, лудување. Стигнаа состаноци, ситуации кои бараат доза посериозен изглед, па ги тестирав NB 237 на јакна, џемпер, фармерки, кошули и тие навистина одат на сè. За посериозни варијанти комбинирам сиво-сино-бело, за порелаксирано жолто-црвено-зелено. И да, сите тие бои се на нив, па затоа е лесно да се најде совршената комбинација.

Да заклучам, супер лесни и удобни, елегантни во секоја пригода, совршена комбинација на функција и мода. Ако пролетта не побрза, летото ги чека.

Моделот купете го во Buzz shop или на online!


Stay cool,

Don Kiki

 

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

21.
Jul.
2021.
Blogger Pick
23.
Jun.
2021.
Blogger Pick
Здраво, екипо!   Многу ми е мило што повторно се дружам со вас во порелаксирано, летно расположение. Овој пат, како за одличен почеток на летото, ги н...
16.
Jun.
2021.
Blogger Pick
15.
Jun.
2021.
News
Новата колекција Buzz маички пристигна во нашите продавници. Ви ги откриваме тренди моделите кои ќе ја обележат оваа сезона.
09.
Jun.
2021.
Blogger Pick
Знам дека сите ќе се сложите дека јуни порано беше топол летен месец, а сега сезоната почна со студени денови, но сепак, ништо не ме спречи и излегов да ги т...
09.
Jun.
2021.
Shop By Look
09.
Jun.
2021.
Shop By Look