23/12 2020.
Blogger Pick

90’s BABY

Здраво, екипа! Се надевам дека уживавте во моите приказни 

Овој пат ви презентирам модел на патики од 90тите, добро познатиот Air Max 90. Како и тогаш, така и денес, тој остана препознатлив по својот впечатлив дизајн. Удобниот модел, кој привлекува внимание со малите детали и комбинацијата на впечатливите бои, се неизбежен дел од street fashion приказната.

Досега можеби сте забележале дека мојот стил е инспириран од модата на 90тите години, па затоа и овој пат се одлучив за патиките AIR MAX 90 и шушкавиот модел на Nike тренерки. Тренерките Air SHEEN се изработени од многу пријатен материјал, овозможуваат слобода на движење и лесно комбинирање – со овие тренерки, секогаш ќе бидете шик!

Облеката ја надополнив со обична јакна SYN PARKA, која веднаш ми го привлече вниманието и сигурна сум дека нема да остави рамнодушен никој од вас. За да бидете оригинални и посебни како мене, дозволете си да си играте со боите. Жолтата капа со овој outfit беше полн погодок.

 

 

Каде и да одите, дали на прошетка или на кафе со пријатели, во оваа комбинација ќе се чувствувате моќно и оригинално. Овие парчиња дефинитивно заслужуваат место во вашиот плакар. Исто така, ако сакате да направите некого среќен, автентичните модели на Nike можат да бидат совршен подарок за празниците.

 

 

Овие, како и многу други модели на патики и тренерки може да ги најдете во Buzz продавниците или да ги нарачате online.

До следната средба ви посакувам многу здравје и љубов. Ви испраќам многу честитки и бакнежи!

 

@ivanavujoseviic

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

20.
Jan.
2021.
Blogger Pick
Достигнете го врвот и останете таму! Патиките Adidas Sambarose повторно ја актуелизираат Sambа како улична платформа која што го задржа својот класичен дизај...
13.
Jan.
2021.
Blogger Pick
Еј BUZZ друштво! Јас се викам Нина Ретар и веќе повеќе од една година сум дел од BUZZ тимот. Ова е мојот прв блог пост и се надевам дека ќе ви донесе инспира...
30.
Dec.
2020.
Blogger Pick
Денес, драги фанови на патики, зборуваме за спортски перформанси. Возбудени? Оваа празнична сезона ги славиме иновациите, долгата историја на производство н...
string(0) ""
string(0) ""