02/12 2020.
Blogger Pick

NIKE AF1 SHELL- WINTER MUST HAVE

Здраво дечки.

Се враќам со нова приказна, за да ви го презентирам must have и go to парчето за оваа сезона - Nike AF1 Shell.

Зимата честопати може да биде многу неинспиративна сезона, особено кога станува збор за облеката што ја носиме, но јас сум една од оние кои преферираат outfit во слоеви. Светот на модата драстично се промени во последните неколку години и 2020 година беше година на тренерки и удобни matching дводелни парчиња, разни бои и материјали - без разлика дали станува збор за домашен outfit, тренинг или за излегување. Јас и самата станав голем обожавател на овој тренд.

Но, да се вратиме на почетокот на приказната - она што, според мое мислење, ги прави Nike AF1 Shell патики на сезонава се непропустливите материјали, а влошката што е во нив е одговорна за дополнителната удобност и топлина. Работ на патиката може дополнително да се затегне со еластичните врвки и ако не сте фан на чизми, оваа патика е одлична замена!

Во моментов се достапни во Buzz во две бои - маслинесто зелена и бебешка розова. Бидејќи 85% од мојата гардероба е во темни бои, сакам да ја освежам облеката со светли нијанси, па затоа лесно се одлучив за AF1 Shell во розова боја.

Материјалот ги прави многу лесни за одржување и овој модел можете лесно да го носите без грижи во зима.

Оние кои што ме познаваат и оние кои прочитаа претходни стории, знаат колку функционалноста и добриот изглед ми се важни во изборот на обувки, а токму NIKE AF1 Shell ја прави таа комбинација. За овој пост на блогот, решив да се облечам од глава до пети во Nike, а целиот outfit е достапен во продавницата на Buzz во Скопје Сити мол како и на online shop.

Останете поздравени и во добро здравје до следната приказна,

Ina

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

27.
Jan.
2021.
Blogger Pick
Здраво, streetstyle фанови! Овде е Хана со новиот пост и новата Nike lovestory. :)
20.
Jan.
2021.
Blogger Pick
Достигнете го врвот и останете таму! Патиките Adidas Sambarose повторно ја актуелизираат Sambа како улична платформа која што го задржа својот класичен дизај...
13.
Jan.
2021.
Blogger Pick
Еј BUZZ друштво! Јас се викам Нина Ретар и веќе повеќе од една година сум дел од BUZZ тимот. Ова е мојот прв блог пост и се надевам дека ќе ви донесе инспира...
string(0) ""
string(0) ""