на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
20.10.2020.

To be part of the future you need to look at the Classics

Здраво

Јас сум Реми, танчер и кореограф. Сите можеме да се согласиме дека оваа година е многу невообичаена, особено за луѓето како мене. Цел живот се изразувам преку танц. А, она што ме тера да растам е подготвеноста да ги следам моите соништа и цели.

Танцот ме носи на различни места, нови градови и земји.

Моите авантури започнуваат со за мене познатите партнери NIKE CORTEZ BASIC и NIKE AIR FORCE 1 '07, кои се тука во нивниот најодржлив дизајн досега. Овие патики ми го привлекоа вниманието во моментот кога ги видов. Чисти, едноставни и создадени за модерни личности.

 

Не можам да дочекам да ви кажам дека двата модели се дел од Nike "Recycled Canvas” Pack, што е дел од иницијативата на Nike "Move to Zero". Нивната главна цел е да се дојде до нула јаглерод и нула отпад во иднина. Ова значи дека овие патики се создадени од рециклирани материјали и овој факт ме освои уште тогаш. Горниот дел на патиката, Flyleather Swooshes, јазикот и врвките. Сето ова е видливо во реалниот дизајн и избраните бои.

NIKE AIR FORCE 1 се моите фаворити. Класична силуета, евергрин модел со врвна удобност.

NIKE CORTEZ BASIC ги сакам затоа што во нив имам повеќе спортско чувство и одлични се за танцување.

 

И двата модели се создадени со чувство за иднината, но исто така тие како да се создадени само за мене. Ми се допаѓаат сивите тонови затоа што се лесни за комбинирање, совршени за есен и за мојата облека. Сакам да бидам едно со околината, а тоа е лесно во овие Nike модели. Летото е сончево и светло, но есента е облачна и непредвидлива. Исто како есента и AIR FORCE 1 '07 и CORTEZ имаат свои неочекувани елементи со кои треба да се истакнат - сино-сина боја на ѓонот и светло-жолти детали на јазикот и грбот.

Побрзајте и најдете го овие модели во Buzz shop. Тие ве очекуваат!

 

Stay fresh,

Remi

слично