на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
30.09.2020.

DREAM TEAM FOR WHOLE LIFE

Дечките се Dream Team за цел живот. Запознајте ги нашите нови The Coolest School Crew.

Ја знаете онаа девојка која пристигнува пред сите во училиште за да ја фати претпоследната клупа, а одморот го користи за тренинг со чуњеви кои ги има најдено во шкафчето на наставникот. Или момчето кое секогаш доцни, а сите го сакаат поради сините очи и заради тоа му ги простуваат сите бељи. Тоа се моите најдобри пријатели, а јас сум Душан, иако сите ме викаат Икан, ученик кој повеќе време поминува на фудбалскиот терен и поради спортските обврски е помалку на училиште. Сакаме да кажеме дека ние тројца сме Dream Team, иако не сме екипа која е често заедно заради различните спортски обврски.

Да, сите сме целосно вљубени во спортот! Јана се занимава со ритмичка гимнастика и три пати е државен првак од 2016 година. Освојувала безборј меѓународни турнири, меѓу кои и оној во Нови Сад, Словенија, Австрија и Бугарија. Во нашиот град, Свилајнац е прогласена за спортискта на годината. 

Урош се занимава со фудбал и негов најуспешен период во кариерата е оној кој го поминал во Швајцарија SC Yf Juventusu, со кој бил на припреми во Барселона, на Kamp Nou. На школските натпревари својот тим го водеше до бројни победи. 

Од оваа дружина морав да се одвојам на некое време за да започнам кариера во ФК Чукарички, а сега продолжив во ФК Црвена Ѕвезда. Мојата генерација 2002/2003, неодамна ја освои кадетската лига, а можеме и да се пофалиме и со освоено прво место на турнири во Русија, Италија, Словенија и Чешка. Тие победи ни овозможија влез во елитниот ранг на квалификации за Лигата на шампиони, која е одложена заради моменталната ситуацијата со пандемијата.

Поради секојдневните обврски, Tik Tok  стана новиот начин на кој комуницираме и местото каде се допишуваме. За викенд заедно сме сите тројца и тоа се моменти во кои јас и Урош сме најдобри другари на Јана, кои едвај чекаат да ги слушнат и прераскажат своите успеси.

Луѓето кои не познаваат не викаат Dream Team бидејќи и покрај тоа што не одиме во исто училиште и не сме секогаш заедно, сепак сме неверојатно поврзани. Ги сакаме спортовите со кои се занимаваме, а најмногу го сакаме времето поминато заедно, разговарајќи и снимајќи видеа за Tik Tok. Тоа се моменти во кои насмевката не ни се симнува од лице!

Dream Team

слично