на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
23.09.2020.

MEET THE CREW. I MEAN, FAMILY :)

Колку од вас ги запознале своите пријатели сосема случајнио? И колку од вас својата екипа ја смета како дел од семејството? Ви ги претставуваме Анастасија, Инес, Андреа, Ана и Матеја. Четири девојки и едно момче со различни интереси и хобија, а создаваат една фантастична екипа чија заедничка љубов е дружбата.

Ана ја претстави својата екипа и нивните индивидуални интереси и карактерни особини – поради кои се различни, а сепак толку единствени како екипа:

Aна: Накратко, се знаеме веќе четири години, се запознавме на летно училиште и започнавме заедно во исто средно училиште. Посебни сме бидејќи сме од различни градови, живеевме заедно во дом и станавме семејство.

Матеј, момчето кое обожава спорт, игри, историја и забава. Ги знаете оние кои секогаш доцнат и кои не е можно да ги вратите назад кога ќе запливаат во некој свој свет? Е тоа е нашиот Матеј. Но, мора да признаеме, времето поминато со него е секогаш презабавно. Обожаваме да ги слушаме неговите приказни. Матеј е наш заштитник и рамо за плачење.

Анастасија е девојка која обожава коњи и често се случува деновите да ги поминува во коњичкиот клуб поради својот коњ Аскер. Со него, учествувала на разни натпревари и свечености. Најопуштена е од цело друштво и е личност која има способност секоја ситуација да ја направи интересна. Самата помисла на неа, на сите ни измамува насмевка.

Андреа е девојка која сака математика, физика, пеење и глума. Има освоено награда за најдобра глумица на Viva Film Festival. Во нашето друштво таа е личноста која е секогаш заљубена и е полна со љубов за другите.

Инес е нашата мажоретка. Обожава танцување и пеење. Позната е како онаа која секогаш го пробива ледот и не се плаши од ништо, со еден збор Инес е жив оган и нежен цвет.

За нашиот главен соговорник, Ана, пријателите кажаа по неколку збора:

Ана е оној член на екипата кој е секогаш одговорен, амбициозен, кој тешко ги прекршува правилата, се труди да стигне на време, организира се и ја одржува екипата. Покрај пријателите, музиката, клавирот и одбојката се трите работи кои ја прават среќна и без кои не би можела да го замисли својот живот.„

И покрај сите различности и поединечни специфичности на секој од оваа екипа, тие имаат учествувано како тим на повеќе натпревари и проекти.

Андреа, Инес и Ана заедно пееле во Рим по повод обележувањето на смртта на кралицата Катарина. Сите заедно учествувале на меѓународниот натпревар на класични јазици. Некои освоиле второ, а некои трето место. Своето слободно време најчесто го поминуваат на спортските терени, бидејќи таму се чуствуваат најисполнети. Уште нешто на што е горда оваа екипа, заедно со останатите ученици собираат облека и пари за афричките деца без родители во домот наречен „Мал дом“.

 

слично