на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
19.08.2020.

IF YOU WANNA BE A STAR, BE A SUPERSTAR

Здраво дечки. Се надевам дека сте добро и дека уживате во летните денови :)

Се јавувам со нова приказна во која сакам да ви презентирам класик од светот на патиките - Adidas Superstar. Ова е приказна за најпопуларната патика, приказна за легендата, симболот и ненадминливиот дизајн.

Претпоставувам дека сите веќе знаете дека adidas е мојот омилен бренд, но дали знаевте дека Superstar беа првите патики што ги купив на патот за градење на мојот урбан уличен стил, инспириран од модниот израз? Удобни и секогаш во тренд, Adidas Superstar е модел за кој секогаш би се определила и е еден од ретките модели што можам да ги комбинирам скоро во секоја прилика!

Ги носев со фустани, панталони, формални и неформални прилики - и никогаш не згрешив.

Првиот пар беа Adidas Superstar во бела боја, но подоцна се решив и за црна, портокалова, виолетова и така колекцијата растеше и растеше :) Најновиот модел во кој се вљубив е белиот bold Superstar. Да, да, исто како и првиот што го купив, само овој пат посмело. Модерни, женски, тие изгледаат ненаметливо и минималистички.

Денес ги комбинирав со феноменална тренерка која ја обожавам. Луѓе, не можете да замислите колку е шик и пријатна.

Знаете дека мојот изглед е еден начин да се изразам. Сакам контрасти, затоа успевам да комбинирам формален фустан со патики или опрема за тренинг со потпетици. Сакам да бидам во тренд на свој начин. Веќе со децении навистина е кул да се има Adidas Superstar како дел од облеката за секоја пригода - дневни варијанти, специјални прилики, па дури и за на работа. Од нас зависи дали секогаш ќе бидеме Superstar и во тренд.

До следното читање, бакнеж од Сараево.

Hana

слично