на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
12.08.2020.

327 shades of retro 70's look

Храбра класика створена за модерното секојдневие

 

Поздрав екипа! За време на овие топли летни денови одлучивме да направиме мини пауза од танцувањето и да одбереме нови патики со кои ќе ги покориме подиумите. Buzz Crew екипата ни пушти јадица дека во BUZZ стигнале патики кои тотално ќе не полудат. Штом ги здогледавме новите New Balance 327 патики, како да ги слушнавме како нè повикуваат „Сузана! Фрањо!“.

И двајцата сме фанови на ретро спортски патики кои со тек на време станале lifestyle икони, но посебно место во нашите гардеробери имаат патиките за трчање од 70-тите кои прераснаа во „go-to“ lifestyle модни патики на денешницата, па 327-ките набрзо си го најдоа своето место во нашите колекции!

Штом ги земеш NB 327 во рака и поминеш со прстите по горништето, веднаш можеш да го почувствуваш „шаренилото“ на материјали. Малку велур, малку најлон. Заштитното „N“ по кое можеш да ја препознаеш секоја New Balance патика, овој пат е намерно зголемено, а ѓонот е инспириран од „trail“ патиките од минатото и има гумени „крампони", додека детаљот кој и двајцата особено нè заинтригира е асиметричниот ѓон и неговото продолжение кон самата пета. 

Главната ѕвезда на оваа колекција е дефинитивно женскиот модел на 327-ката ! Боите се полн погодок и се една од омилените комбинации на Сузана, неверојатно се удобни и имаат екстра зголемен ѓон кој невообичаено се истакнува и се протега по целата должина на петата што ги прави посебно уникатни. Сè на сè, New Balance 327 се одличен избор ако целиот ден го минуваш во патики, истражуваш, танцуваш или едноставно сакаш да шеташ по градските улици или плажи.

Можеби на прва не ви се чини така, но овој храбар исчекор кој го карактеризира овој модел на „NB“ патики е сè што еден љубител на „NB“ патики може да посака. Атрактивниот изглед не е единствениот адут на овој модел, земајќи предвид дека се надградена техничка верзија. Помалку истрошениот изглед на велурот неодоливо привлекува и дополнително го потцртува тој класичен ретро „look“. Женските New Balance 327 Dark Purple се вистински летен „funky fashion“ избор.

 Машкиот модел на 327-ката е вистинско олицетворение на познатиот „New Balance taglinе“ –  „ги носат татковци во Охајо и модели во Париз“. Иако татковците во сојузната држава Охајо можеби не се толку „fashion-foreward“, моделите во Париз навистина ќе полудат по овие патики, слично како Фрањо. „Веројатно за првпат во животот се чувствувам dressed-up, доволно зрело за кошула со ботаничка илустрација и ленени панталони. Меки се, пенести и лесни... – токму тоа што го сакам од патиките кои ми се наменети за секојдневно лутање по улиците, висење со другарите, шмрцкање фредо капучино, а кога ќе дојде ноќта подготвен сум и за излегување со девојката.“

Новите New Balance 327 го додаваат оној вистински „lifestyle look“ на секоја модна комбинација, а истовремено ти нудат удобност и комфор за напорните летни денови. Побарај ги во BUZZ или на web! Уживајте во летото, бидете луди и храбри со своите модни комбинации, а ние топло ви препорачуваме да ги уфрлите 327-ките во било која комбинација.

See ya,

Suzana & Franjo

 

слично