на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
21.07.2020.

Puma RS-X Puzzle brings people together

Здраво луѓе,

Ние сме - Реми и Акаша, едвај чекавме да се вратиме со новата приказна за блогот. Официјално е лето и двајцата едвај чекавме да се сретнеме по долгата пауза. Реми ја помина пролетта создавајќи кореографии за танцување преку Интернет, а Акаша го посвети своето време на создавање на прекрасни нови плејлисти, кои само чекаат да бидат слушнати.

Причината да се собереме е Puma RS-X Puzzle. Овој модел можете да го најдете во многу различни бои, но се покажа дека и двајцата најмногу ја сакавме белата.

Како прво, да се има ист вкус за патики не е единственото, тоа е нешто што ни е заедничко. Нашите животи се посветени на музиката - танчер и диџеј. Не само тоа, туку и често сме биле во ситуации кога еден ја прави музиката, а друг танцува на неа.

Исто така, обајцата обрнуваме многу внимание на тоа што го носиме, како се претставуваме пред луѓето затоа што така создаваме впечатоци. Можеби ова е причината што и двајцата ја сакавме белата  Puma RS-X Puzzle.

Кога Реми ќе ги погледне, тој ги гледа брановидните линии на дизајнот и Акаша на прв поглед се вљубува во бујниот облик и сивите елементи што ги прават овие патики видливи на полицата. Поради формата доаѓа и името на моделот - X за eXaggerated. Но, она што ја прави RS-X Puzzle да се разликува од другите се деталите направени од различни материјали и текстури - кожа, велур, мрежа - како вистинска „puzzle“.

И се чувствува како секој од нас се вклопува како дел од сложувалката на овој модел. И монохроматската естетика што ја избравме за фотосесијата, одговараше на нашата омилена летна патика. И покрај тоа што оваа година летото е поспецифично, некои работи никогаш не се менуваат. Да си сопственик на прекрасни нови бели патики е една од нив.

Иако моделот бил наменет како патика за трчање во 80-тите, сега е вистински street класик. За Акаша RS-X Puzzle супер се комбинираат со широки панталони и широки комбинезони, но исто така патиките се и супер детаљ за летен фустан.

Најдоброто нешто во врска со белите патики е тоа што чувствуваш дека треба да се носат во текот на летото. Моделот можете да го најдете во Buzz shop во Скопје Сити мол или Online.

Stand out with creativity,

Реми и Акаша

слично