01/07 2020.
Blogger Pick

WHAT HAPPENS WHEN NIKE TURNS THE AIR MAX 90 INTO A SLIDE?

Здраво на сите! Ми недостасувавте! Многу сум возбудена што со вас ќе ја споделам оваа фотосесија со најкул папучите оваа сезона. Иако сум најголемиот љубител на патики, овие папучи дефинитивно го привлекоа моето внимание. Ако мислите дека не можете да привлечете внимание со вашите папучи преку лето, размислете поубаво!

 


Ги сакам овие папучи зашто Nike ги превземале сите специфични елементи од добро познатите Air Max 90 и ги создале новите Air Max 90 папучи.  Овој модел го претставува преземањето на класикот на Tinker Hatfield - силуетата со која започна прославата на 30 годишнината на AM90. За оваа сторија мој избор се OG-style “Smoke Grey/Volt" и веселите "White/Rose" colorways . Иако има релативно мал простор за работа со овие папучи, дизајнерите успеаваат да ги прикачат сите важни детали кои ги носат Air Max 90’s . Ременот е исполнет со детали, со изразен Swoosh на истиот и доста изразени детали кои наликуваат на сите досега познати АМ90.

 


Секако, нешто што е секогаш многу важно, е удобноста. Air Max 90 папучите ја имаат покриено и таа точка. Перничињата на кои легнува стапалото се направени од посебна пилонска пена и даваат одлична удобност на задниот дел на ногата. Air Max единицата, несомнено ја прави оваа папуча удобна, а шарениот дел од страна додава убавина на ова must-have парче за ова лето.
 


Мислам дека со вас ги споделив сите важни работи, се што останува е да го посетите Buzz online shop или да отидете во нашата продавница и да го побарате саканото бројче. Се надевам дека уживавте во мојот необичен избор за ова лето!

 
Ви посакувам лето исполнето со незаборавни моменти.
Останете cool до следното видување.

 


Antonija

 

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

05.
Aug.
2020.
Blogger Pick
Здраво мили мои, тоа сум јас, вашата девојка Андреа. Денес се движиме по жешките улици со нашата Buzz Crew екипа и врелите Puma патики! Дали сте подготвени? ...
21.
Jul.
2020.
Blogger Pick
Здраво луѓе, Ние сме - Реми и Акаша, едвај чекавме да се вратиме со новата приказна за блогот. Официјално е лето и двајцата едвај чекавме да се сретнеме по ...
15.
Jul.
2020.
Blogger Pick
Некои можеби веќе ме познаваат, а некои не - јас сум Катја Спанка и јас сум дел од BUZZ crew уште од самиот почетокот. Навистина мило ми е што работам со нив...
string(0) ""
string(0) ""