на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
27.05.2020.

ADIDAS COLOURFUL DRAMA

Здраво луѓе! Еве ме повторно! Се јавувам сега кога ненадејно помина целиот хаос во кој се наоѓаме. Конечно, сè е добро и ние сме тука да ја отвориме сезоната со колоритен аутфит.

Како и обично, ќе истакнам дека удобноста е секогаш (и засекогаш) мојот приоритет број еден. Што е поудобно од baggy дуксер и слатки хеланки кои што се совршени? Мојата „go to“ комбинација, кога не знам што да облечам, и сакам да изгледам „симпатично“ – тоа е оваа комбинација. Мислам дека ова се парчиња што треба да ги има секој од нас во плакарот, во различни бои и дезени, да зрачи поинаку секој ден. Бидејќи боите што ги носите кажуваат многу за вашето расположение тој ден, нели? Затоа, оваа комбинација за мене, во ова време од годината е неизбежна! Идеалната комбинација на облека за секој ден, ако мене ме прашате - модерното и удобното е секогаш мојот избор.

 

Се надевам дека ве инспирирав барем малку со овој пост и ја скршив монотонијата што нè опкружуваше во претходниот период. Брзо до најблиската Buzz продавница или нарачајте ја омилената комбинација на Online shop.

P.S Јас сум заљубена во целата Adidas колекција, но би сакала да ги издвојам овие парчиња.

 

До следниот пат,

Stejsi

слично