на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
13.05.2020.

BACK TO THE CHILDHOOD IN NIKE SHOX ENIGMA 9000

Здраво луѓе, се надевам дека сте добро во овој луд период!

Јас сум добро и само првата недела, како огромното мнозинство од нас, ја поминав во својот дом во строга самоизолација, навикнувајќи се на новата ситуација и борејќи се со новите предизвици.

Како што одминува времето, ситуацијата се смирува, на улиците има се повеќе луѓе, животот полека се враќа во нормала со мали чекори, па затоа бев во движење последните неколку дена (секако дека сè уште сум социјално оддалечена). Не можев да одолеам на убавото време и прошетката во природа, како и новата Nike Shox Enigma 9000 во пастелно розово што пристигна во Buzz!

Јас навистина го чекав овој модел кој ме носи во моето детство како мала временска машина, до безгрижен период од животот полн со игра и смеа, до период кога го поминав поголемиот дел од времето, особено во пролетта, пред куќата на игралиштето во соседството со пријателите.

 

Nike Shox Enigma 9000 најчесто ги носам со опуштени спортски комбинации. Не бев во можност да ги носам подолго време, затоа што тренерките, дуксерите и шорцевите ни станаа секојдневна униформа, но во мислите имам неколку идеи.

 

 

Иако ситуацијата и понатаму е неизвесна, сакам да размислувам за аутфит комбинациите за во блиска иднина, а овој модел го гледам најмногу во комбинација со некои широки јакни и фенси фустани.

 

Чувајте се, сонувајте и патувајте низ времето, затоа што оваа ситуација ќе биде само спомен.

 

Ina

слично