на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
06.05.2020.

CREATE YOUR OWN SNEAKER MOODBOARD

Повторно јас, сега со нова приказна, со новите омилени патики, но во малку поинаква околина. Ако и вие исто како и јас, минатиот месец го поминавте во карантин, тоа значи дека до сега во голема мера сте создале нова рутина и сте добиле нов ритам на животот.

Пандемијата, без разлика дали тоа ни се допаѓа или не, го смени текот на нашите животи и нè натера да паузираме и да се свртиме кон себеси. Како некој што со години работи од дома, оваа транзиција не ми беше тешка, но исто така ме мотивираше да работам уште посилно за моите цели, а овојпат добив можност повеќе да се слушам себеси и да ги замолчам мислите кои дотогаш преовладуваа.

 

 

Верувам дека за време на изолацијата, сите научивме нова кулинарска вештина или се вративме на омилената книга што претходно ја запоставивме поради недостаток на време, или (како мене) почнавме да измислуваме нови комбинации на облека што среќно би ги носеле по завршувањето на карантинот, секако со сите мерки на безбедност, заштита на себе си и другите.

Иако сите полека се враќаме на вообичаениот начин на живот, верувам дека добрите навики треба да ги имплементираме во секојдневната рутина, без разлика на тоа дали владее светска пандемија или не.

Добра книга, работи на себе и секако, добри патики кои никогаш не излегуваат од мода!

 

 

Кога сме кај добри патики, морам да признаам дека adidas Ozweego ме инспирираа да направам свој #StayAtHome аутфит, но и да си направам moodobard со предлози за тоа што ќе можам да го носам во месец мај. Оригиналниот модел на овие патики датира од 1996 година... Јас сум фасцинирана од таа комбинација, на надградба на постар модел на патики со некоја нова приказна и подобрен дизајн.

 

 

Патиките се преудобри за носење, што се вели, не ги ни чувствувате дека ги носите. Толку многу се удобни што во моментов заборавив дека ги носам, мислејќи дека носам папучи за по дома. Искрено се надевам дека ќе ви се допадне мојата комбинација која за избрав заедно со adidas Ozweego патиките и дека и вие ќе ја споделите вашата #StayAtHome комбинација и секако ќе го „тагнете“ @buzzsneakerstation.

Ако сакате да бидете горд сопственик на овие ретро патики посетете го Buzz Online Shop и нарачајте ги!

До следната приказна,

Dživ

слично