на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
15.04.2020.

ВОДИЧ ЗА САМОИЗОЛАЦИЈА ЗА SNEAKERHEAD

Што се можете да направите за својата колекција кога сте во самоизолација

 

Сите знаеме во какви тешки времиња живееме. Сите сме во иста ситуација и се бориме за да ја пребродиме. Тешки ми е, затоа што сум голем љубител и фан на патики. Нема повеќе прошетки по моловите, тестирање на секој нов пар на патики, проверка на материјалите од што се направени... Остана само она што е на интернет и оние модели кои се наоѓаат на Online Shop, но и тоа е доста додека сме во исчекување на подобрите денови.

Еве што можеш и треба да направиш ако ги сакаш патиките.

 

  1. Исчистете ги

Кога живеете во урбана средина – се движите непрестано на работа или на факс, па на пијалок со пријателите, па подоцна на тренинг... и ретко имаш шанса за да ги исчистите вашите патики. Сега можете да се посветите на нивното чистење, делува терапетски. Кога ги чистите вашите патики мора да внимавате на материјалот – кожата, синтетичките материјали и велурот не реагираат исто, морате малку да истражите на интернет. Повеќето од работите за чистење на патиките веќе ги имате во вашите домови, но можете и да се опремите и со специјални средства кои се наменети за чистење на патиките како што се Sneaky или Creep. Кога ќе се смириме ситуацијата, ќе имате чисти патики на располагање.

  1. Организирајте се

Кутиите за патики ви се расфрлани? Air Force патиките се во кутија од Jordan, а Jordan ви се во кутија од New Balance? Сега имате време да им ставите ред?

Направете распоред, но сето тоа да има ред. Направете простор за нови патики во вашиот плакар, но и во срцето. Ако некој модел повеќе не го носите – тоа значи дека подготвен е за подарок на својот брат или пријател. Ако сте горди на својата колекција, слободно изложете ги на некои полици.

Ниедна девојка што ќе ја запознаеш и ќе ја поканиш во својот дом нема да сака да ја слуша приказната за Jordan 1 и целата sneaker култура, но ако случајно ти се посреќи и сака да ги слуша твоите приказни за патики – тогаш купувај прстен! Само кога ќе клекнете да ја запросувате – пазете да не ги прекршете рабовите на патиката .

  1. Едуцирајте се

На Youtube имате милион врвни канали кои можат да ви дадат интересни податоци за вашите патики. Weartesters, Jacques Slade, Mr. Foamer Simpson се само некои од нив, а Complex има емисија „Sneaker Shopping“ каде што најголемите ѕвезди купуваат патики – од Lil Wayne до Chris Rock, од Cristianо Ronaldо и Neymar.

Ако тоа ви е премалку, имате и книги на располагање – тоа е „The Ultimate Sneaker Book“ која е подготвена од страна на Sneaker Freaker екипата, или пак можеби „Where'd You Get Those“ од Robert "Bobbito" Garcia, легендарниот радио водител од Stretch & Bobbito радио емисијата, кој редовно ги посетува терените за кошарка во Њу јорк и е меѓу првите кој ја забележува важноста на патиките во хип хоп културата.

  1. Некои вложуваат во акции, некои во патики

Препродавањето на најбараните модели е голем бизнис.

Наместо да ги проучувате инвестициските фондови, акциите и Wall Street, погледнете во StockX и малку истражете за патики. Можете да заработите вистински пари за овие видови активности, ако можете да ги предвидите трендовите на пазарот. Дури и Alan Vinogradov, човекот кој стои зад Sneaker Con, вели дека е време да ги купите вашите патики, бидејќи откако ќе заврши сето тоа - цената на некои патики би можела да експлодира. Секако, најмногу се зборува се соработките со Travis Scott, особено последниот Dunks и Off-White Jordan 5. Ако ги добиете, чувајте ги безбедни, нивната цена ќе порасне. Или само облечете ги и оставете ги сите да ви завидуваат.

Искористете ја оваа ситуација и купете преку веб-продавница за да ја комплетирате вашата колекција. Buzz редовно има промо активности. Можете да најдете некои безвременски класици, но исто така и нови модели што ќе станат класици.

Останете дома безбедни, ќе има многу прилики во иднина за покажување на вашата колекција.

 

Franjo

слично