на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
08.04.2020.

Let’s find our New Balance in life

Здраво прекрасни луѓе, Акаша е повторно тука!

Како што веќе знаете, јас сум дел од Buzz Crew и денес ќе ви гo претставам најновиoт модел на New Balance W 997S, а ќе ги споделам со вас и работите кои го одржуваат мојот баланс овие денови.

Живееме во многу чуден период и се соочуваме со многу предизвици. Дома сум веќе еден месец, па морам да направам баланс со мојата работат согласно ситуацијата во која се наоѓаме.

Едвај чекам да дојде моментот кога ќе излеземе надвор, ќе шетаме во парк, ќе ги носиме нашите нови алишта и патика, ќе одиме на забави и ќе ги сретнеме нашите пријатели.

Кога размислувам за комбинации, оставам да ме води мојата луда имагинација во која има многу комбинации, но само една работа е константна - New Balance W 997S

Ова се едни од најудобните патики кои сум ги носела. W 997S носи ретро вибрации, но едноставниот дизајн е она што ме привлече најмногу. Светлите сиви тонови, комбинирани со розевото N е совршена комбинација за пролет, која сите ја очекуваме.

Но, ако погледнеме од една друга перспектива – ова е време за да ги направиме сите работи кои сме ги одложувале. На пример, да ги прочитаме книгите кои сме ги заборавиле. Јас исто така сум и DJ, па сега е време да ја проверам целата музика на светот, да ја обновиме плејлистата со нови траки. Сега имам време да се нурнам во било кој албум од почеток до крај!

Мојот ден започнува рано со чаша кафе и комфорна облека бидејќи работиме од дома. Не сум од оние луѓе кои би ги носеле пижамите цел ден.

Благодарејќи му на Buzz тука ги имам  и субер удобните New Balance, кои се уште не ги допреле улиците и ги носам само дома. Нели и вие го правите истото кога ќе си купите нов пар патики? 

Знам дека во моментов ви недостасуваат многу работи, но имаме толку многу нови шанси, и работи  за промена, нови идеи и аспирации, а социјалните медиуми не поврзуваат со луѓето кои ги сакаме.  Искористете го тоа и пронајдете се себеси.

Ова е новиот баланс кој ќе не испроворцира да станеме подобри во се и да го искористиме слободното време во нашиот дом!

Stay safe!

Akasha

слично