на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
18.03.2020.

GET OUT OF YOUR STYLE’S COMFORT ZONE IN NEW NIKE VISTA

Здраво, здраво, здраво!

Еве сум јас повторно со нова блог сторија. Овој пат одбрав нешто што е многу кул и надвор од мојата комфорна зона. Ви ги претставувам моите нови омилени Nike патики - W Nike Vista Lite.

Да кажам дека се заљубив во овие патики..па и тоа би било малку. Има нешто посебно во овој дизајн и во оваа едноставна, а сепак волшебна боја. Црната боја заедно со неонот, проѕирниот материјал и посебниот потпис – самиот футуристички бел ѓон. Црна или бела, оваа патика секако би била мојот избор за овие прекрасни денови кои следат.

Овие патики ги искомбинирав со два аутфита. Лично, ги обожавам неон baggy тренерките, но ист така и комбото од уште помодерниот crop – top и долните тренерки до под колена. Мислам дека ги најдов совршените патики. Можете да ги носите буквално на се, на обичен џинс, со нај обична маичка или пак со фустанчиња. Никако нема да погрешите! Удобни, лесни и модерни W Nike Vista Lite се вистинскиот “show stopper” и може да го зачинат секој изглед. Дефинитивно мојот избор за 2020 година. Дајте им шанса и излезете од својата стилска комфор зона.

Со љубов,
Antonija.

 

слично