11/03 2020.
Blogger Pick

NIKE AIR FORCE 1 SHADOW 'Multi-Color' – ISSA A VIBE

Ola, chicos! Јас сум Andreea Din и ова е мојата блог приказна…  се надевам прва од многуте што следат во иднина. Целосно сум сигурна дека ме одбраа како Buzz Crew член токму поради мојата опсесија со шешири и патики и бидејќи поголемиот дел од мојата облека се машки урбани парчиња. И да секако... бидејќи сум голем љубител на фотографијата, поточно да бидам фотографирана.  А сега ви ја претставувам - Nike Air Force 1 Shadow Multi-Color. Ајде да се запознаеме меѓусебно!

Јас сум Nike девојка.. сиот овој пат, ова е брендот кој најдобро ја претставува мојата енергија. Ги сакам сите силуети на Nike како и нивниот креативен дизајнерски тим, но во последно време омилени ми се Nike Air Force 1 Shadow. Пред се, приказната за овој модел е посебна: Nike Air Force 1 Shadow им придава посебно значење на сите жени кои се вистински пример за следната генерација, односно оние кои придонесуваат за промените во нивната заедница.

Колку е тоа моќно?!

Во суштина, Air Force 1 Shadow постепено го изгради својот идентитет преку комбинирање на повеќе бои коишто не одат заедно. Овој модел се карактеризира со мазна и комбинирана кожа во контрастни бои вклучувајќи ги аква, розова и волт. Црната се појавува во пределот кај прстите, додека има и дупли слоеви од логото, налепници на јазикот и дупло брендирање на влошките. Белиот гумен ѓон го комплетира дизајнот.

Не сакам да ве збунам со премногу детали во мојата прва блог приказна за мене и моите патики, бидејќи можам да ви раскажувам со часови.. денови.. месеци. Само сакав малку да ви го претставам мојот свет, кој очигледно деновиве е ‘’обоен’’ во розово, аква и минт токму поради оваа убавица - Nike Air Force 1 Shadow Multi-Color. Одете во Buzz Shop во Скопје Сити Мол и побарајте го моделот!

До следниот пат, ви праќам бакнежи!

Andreea Din

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

13.
Jan.
2021.
Blogger Pick
Еј BUZZ друштво! Јас се викам Нина Ретар и веќе повеќе од една година сум дел од BUZZ тимот. Ова е мојот прв блог пост и се надевам дека ќе ви донесе инспира...
30.
Dec.
2020.
Blogger Pick
Денес, драги фанови на патики, зборуваме за спортски перформанси. Возбудени? Оваа празнична сезона ги славиме иновациите, долгата историја на производство н...
23.
Dec.
2020.
Blogger Pick
Здраво, екипа! Се надевам дека уживавте во моите приказни  Овој пат ви презентирам модел на патики од 90тите, добро познатиот Air Max 90. Како и тогаш,...
string(0) ""
string(0) ""