18/12 2019.
Blogger Pick

NBA сезоната оди со чај и Spike Lee.

Со новата NBA сезона доаѓа и ладното време. Кога цел живот носиш патики, што да носиш за време на ладните денови за да ги прикриеш глуждовите? Јас лично не носам никакви чизми, мојот избор секогаш се сведува на гломазни, hightop кошаркарски патики. Меѓутоа кои да ги одберам сезонава? Дури и со затворени очи да бирам, изборот секогаш ќе падне на Air Jordan Spizike. Зошто? Сега ќе ви раскажам една мала приказна.

Во својата ученичка книшка во основно училиште наместо своја имав залепено фотографија од Џордан, поради што завршив кај секретарката на училиштето. Љубовта кон Џордан беше неизмерна, меѓутоа и кон неговите патики. Сето она што што тој го правеше навидум изгледаше лесно, дури и малите телевизиски екрани изглеаа подобро кога ќе се појавеше тој.

     

     Таа ера ми беше омилена – и во музиката, и во спортот и во филмот.

     Кога бев дете, мислев дека единствено Џорданки вредеа, од тројка до      тринаеска. Сето она што не спаѓа во тие модели како и да не постои. Вистински хејтер, обликуван од почетоците на интернетот.

 

Единствениот исклучок што се однесува на колекцијата од Џордан го направив околу 2006. Година кога целосно се вљубив во Spizike моделот, хибрид кој беше комбинација од моите омилени Џорданки, а како врвот на сето тоа моделот беше во честа на Spike Lee, врвниот режисер на бруталните филмови како што се Do the right thing и He got game, филмови каде овие Џорданки играат важна улога.
Зошто баш Spike Lee и Jordan? Двајцата заедно имаат работено на врвни реклами во кои што Spike го глумеше Mars Blackmon, многу спецификчен лик со огормни очила кој делумно и беше инспирација за ликот Steve Urkel. Врската помеѓу Џордан и Spike е зајакната со тоа што Spike e најпознатиот навивач за New York Knicks, а токму тие беа едни од омилените муштерии на Џордан.

Живееме во ремикс од култура. Хибридите се сегашноста, но и иднината (овде не зборуваме за Toyota Prius),  Don C Legacy моделот е исто така совршен пример за земањето на различните елементи од минатото иако овој модел ни приближно не ми е фаворит како Spizike.

          

 

Одличните материјали и квалитетната изработка се најпрепознатливите елементи на на Jordan патиките, а суптилната црна со виолетовите детали и на петата двете икони – на левата патика ликот на Мars Blackmon/Spike Lee, а на десната логото на Spike продуциската куќа 40 Acres and a Mule, одговорните за моите омилени филмови.

Оваа ќе биде добра сезона, затоа што имам се, а ги пронајдов во BUZZ shop, а вие можете да ги нарачате и Online.

Franjo Opačak

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

13.
Jan.
2021.
Blogger Pick
Еј BUZZ друштво! Јас се викам Нина Ретар и веќе повеќе од една година сум дел од BUZZ тимот. Ова е мојот прв блог пост и се надевам дека ќе ви донесе инспира...
30.
Dec.
2020.
Blogger Pick
Денес, драги фанови на патики, зборуваме за спортски перформанси. Возбудени? Оваа празнична сезона ги славиме иновациите, долгата историја на производство н...
23.
Dec.
2020.
Blogger Pick
Здраво, екипа! Се надевам дека уживавте во моите приказни  Овој пат ви презентирам модел на патики од 90тите, добро познатиот Air Max 90. Како и тогаш,...
string(0) ""
string(0) ""