на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
11.12.2019.

Black X Gold collection

Со нетрпение чекав да се вратам со нова блог сторија и со овој аутфит!

Зимата пристигна, времето е студено, деновите се мрачни и многу е тешко да се најде инспирација за облека што во исто време е топла, удобна и она што е суштинско - изгледа добро. За среќа, тука е Buzz shop и Buzz Crew кои привлекуваат внимание на улиците оваа сезона. ;)

Овој пат пишувам за модел што секој од нас го поседува или го поседувал (барем еден пар) во својата колекција на патики.

 

 

Да, станува збор за Nike Air Force 1. Модел кој со години е популарен и постои во сите можни бои, нијанси и дезени, така да лесно е да се пронајде парот кој ти одговара за било која пригода.

За оваа сезона се одличив за потполно црните AF 1 ’07 со дискретно златниот outline на страничниот swoosh и Nike логото на предната страна. Покрај тоа што изгледаат феноменално, совршени се за ладните денови затоа што се направени од кожа. Мислам дека не е потребно да се разговара за квалитетот и удобноста, јасно е зошто Nike Air Force 1 со години на сите е најомилениот модел!

 

 

Веќе сте запознаени со скромната палета на бои која се наоѓа во мојата гардероба, а комбинацијата која најмногу ја носам е црно-златната, така да можете да замислите бев среќна за новата Nike колекција која пристигна во Buzz.

Аутфитот го потполни и новата сатенска Nike бомбер јакна. Мислам дека често ќе ме гледате на улиците во неа.

 

 

Се надевам дека успеав малку да ве инспирирам со оваа сторија! Посетете го Buzz shop-от и израдувајте се со нови парчиња облека и обувки.

Уживајте до следното читање.

 

Ina 

слично