06/11 2019.
Blogger Pick

EVERYDAY HERO – NEW BALANCE M X90

Здраво екипа! Жешките денови полека поминаа, но не и жешките модели на патики! 

Како горд член на Buzz Crew, оваа година имав прилика да пробам многу брендови и модели и морам да признаам дека New Balance ми оставија посебен впечаток. Како дете од 90-те никогаш не сум можел да одолеам на ретрото и модерното. Така, овој пат, се одлучив да ви ги претставам New Balance M X90, урбан модел кој припаѓа на асфалтот.J

 

 

Пред неколку месеци видов реклама во која Jaden Smith ги носи New Balance M X90. Не ми требаше многу време да ги додадам во мојата sneaker колекција. Првиот впечаток беше – WOW. Се воодушевив колку се лесни и удобни.

 

 

Освен удобноста, она што ме привлече кај овој модел е комбинацијата и распоредот на бои, мислам... само погледнете ги.. Како гејмер секогаш ми се допаѓал тој црно-црвен вајб. Боите се одлично вклопени, делуваат неутрално со тие црни и сиви силуети, меѓутоа тоа што ја разбива оваа неутралност е самото “N” лого со црвена боја. Тука е и белиот ѓон кој освен што го потполнува овој модел, дава и предобра стабилност и агилност.

 

 

Тоа што изгледаат како спортски модел не ме спречува да ги носам во различни прилики со различни комбинации. Совршени се за во град, за на кафе, факултет, училиште и слично.

 

Останете најјаки, до следната приказна имате голем поздрав!

 

AdnanBro

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

08.
Jul.
2020.
Blogger Pick
Ах тоа лето. Човекот едноставно оживува повторно кога ќе се случи овој период од годината. По мрачните и депресивни денови, пристигна омилената сезона. Некак...
01.
Jul.
2020.
Blogger Pick
Здраво на сите! Ми недостасувавте! Многу сум возбудена што со вас ќе ја споделам оваа фотосесија со најкул папучите оваа сезона. Иако сум најголемиот љубител...
23.
Jun.
2020.
Blogger Pick
Здраво, момчиња и девојчиња! Неодамна добиената слобода сега има поинаков вкус, нели? Деновиве чувствувам како уживам во сите мали и неинтересни работи што п...
string(0) ""
string(0) ""