на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
30.10.2019.

THE FUTURE IS HERE WITH NIKE AIR VAPORMAX 2019

Здраво екипа, овде Векац со нов текст.

 

Овој период сум под висок притисок бидејќи имав настапи нон-стоп во текот на последните месеци, посетив многу места, им дадов прилика на луѓето да уживаат во мојата музика, а попатно стекнав и многу фанови. Не сакам да се фалам, но мислам дека е во ред да ве известам за мал upgrade во мојата кариера. Знаете ли кој друг направи мал upgrade? NIKE AIR VAPORMAX 2019 SE кој оваа есен се врати со невидени колоритни бои.

 

 

Nike и овој пат ме воодушеви со овој футуристички модел. Естетски убав на око, баш како и неговите претходни верзии, во боја која ме воодушеви и ме купи на прв поглед. Комбинацијата од 5-6 нијанси со елегантен проѕирен ѓон дава можност да ги носиме со сите можни комбинации.

Горниот дел кој е изграден од тврди материјали е уште подобар од претходната верзија и му дава голема флексибилност и сигурност на самото стапало. И да, VaporMax технологијата нема конкуренција на пазарот за патики.

 

Nike Air Vapormax 2019 SE може лесно да станат вашите омилени патики, кои се хибрид на удобност и стил. Овој модел толку одговара на мојот стил, што инспирацијата за некој нов звук доаѓа сама од себе.

 

 

Дали сте тргнале на прошетка или журка, а не сте сигурни што да облечете, ве уверувам дека VaporMax e храбар избор и дека ќе се издвоите од масата. Верувајте, уметниците кои фановите ги сметаат за пример мора на некој начин да се издвојат, да бидат поразлични и два пати да размислат за се ова.  A Nike многу ни помогна со тоа. Браво!

 

До следното читање..

 

Vekac

слично